Што обликот на вашите веѓи зборува за вашиот карактер!

Верувале или не, обликот на вашите веѓи зборува многу за вашата личност и праќа порака на другата страна! Веѓите ја отсликуваат нашата самодоверба…Долги веѓи
Луѓето со долги веѓи добро се носат со стресот и имаат пријатели кои секогаш очекуваат овие луѓе да ги сослушаат и да се обидат да ги решат нивните проблеми. Обично се одлични работници, кои може да се носат со големи проекти.
Кратки веѓи
Тие се типичен знак дека имате врска со личност која не е често под стрес. Исто така не се никогаш отворени да ги слушнат проблемите на своите пријатели.
Природно полни веѓи
Полните веѓи, покажуваат дека сакате да сте активни. Имено, овие личности имаат природна самодоверба и ја држат главата цврсто на рамена.
Веѓи со висок лак
Опишуваат личност која не е баш многу пристапна, туку е резервирана и се држи на дистанца. Малку е чувствителна. Исто така важат и за перфекционисти.

 
Веѓи со низок лак
Зборуваат дека станува збор за ведра и комуникативна личност, која се држи до своите ветувања.
Заоблени веѓи
Веѓите кои имаат полукружен лак, обично значат дека станува збор за љубезна личност која мисли на туѓите проблеми. Тие се тактични во својата комуникација, секогаш гледаат да го извлечат најдоброто.
Рамни веѓи
Покажуваат дека оваа личност логично размислува кога донесува одлуки. Не се многу емотивни.Долги веѓи

Пронајдете не на следниве мрежи: