Се обидувате да изгубите неколку колограми? Пред да се одлучите за некоја диета, еве некои совети од луѓе кои успешно ја изгубиле вишокот телесна тежина.Податоците собрани преку популарни апликации како”MyFitnessPal”, ги следат навиките во исхраната на повеќе од 65 милиони корисници (апликација ги бележи активноста, тежината, навиките за јадење, итн), и така ги нашле најчестите намирници кои ги консумираат оние кои изгубиле повеќе од 5 килограми, благодарение на појадокот.
Но ова не е единствената храна која треба да ја јадете, но сигурно ќе ви се исплати даоколку ја јадете за појадок.
1. Кафе
Пиењето на овој вкусен напиток може да биде од значајна помош на сите оние кои вежбаат наутрото. Една студија покажа дека консумацијата на кафе еден час пред тренинг го зголемува согорувањето на калориите за околу 15 проценти.
2. Банани
За појадокот е понекогаш доволно да се направи шејк од банана, преку кој ќе добиете многу на хранливи материи како и лесен оброк кој може да се пие на пат кон работа. Обидете се со шејк од банана, цимет, млеко од бадем и житни трошки!
3. Јајца
Истражувањата покажаа дека појадокот полн со протеини може да помогне во контролата на гладот во текот на денот. Јајцата се одличен извор на протеини, и можете да ги направите на сто различни начини.
4. Боровинки
Ова ситно овошје е полно со антиоксиданси и ќе ви помогне при чистење на телото и како и при губење на килограмите.
5. Јагоди
Вкусните јагоди се одличен избор за појадок. Додадете ги во малку сирење и имате вкусна комбинација која ќе ви го разубави утрото.
6. Чај
Чајот треба да се пие во текот на денот, почнувајќи од утрото. За губење на тежината се препорачува зелен и жолт чај, и ако сакате да го засладите додадете малку мед или вештачки засладувач.
7. Млеко
Млекото е уште еден одличен извор на есенцијални протеини наутро.
8.Тост од цели зрна житни растенија
Љубителите на лебот можат да се јадат вкусна замена за лебот во целозрнестите житни растенија кои имаат помалку калории.
9. Спанаќ
Овој лиснат зеленчук е богат со растителни влакна, и е познат како еден од зеленчуците со најмногу протеини.Податоците собрани преку популарни апликации како”MyFitnessPal”, ги следат навиките во исхраната на повеќе од 65 милиони корисници (ап



