Што прават Македонците во недела?!

Во поново време недела како недела, на сите не им е баш слободен ден…Зависи од работното место. Но што прават оние на кои им е слобеден овој ден од седмицата?!Недела е ден за одмор на оние кои работеле напорно во текот на целата седмица, ден за отрезнување и средување впечатоци на оние кои ја поминале лудо саботната вечер, ден за пишување на домашни работи на оние кои одат во училиште и ден за бањање на оние кои штедат електрична енергија. Па добро бе луѓе, штедете електрична енергија, но поштедете ги и луѓето кои се наоѓаат околу вас во текот на работната недела…
Како и да е, недела е убав ден… Ден кога конечно можеш да спиеш до колку сакаш, освен ако не те разбуди комшиката која уште во 8 часот наутро се расчистила, па ти тропа и бучи со правосмукалката. Не е виновна жената, само тој ден и е слободен мора да го среди домот… Недела е ден кога можеш да се видиш со целото семејство со оглед на тоа дека со работните обврски неможеш да успееш во тоа некој друг ден. Недела е ден кога неможеш да излезеш на тераса од миризбите на манџи секаде околу тебе… Недела е ден кога треба да чекаш автобус на ЈСП половина час, па дури и еден час поради неделниот возен распоред на ЈСП, но тоа не ти претставува проблем зошто е недела, и тој ден е токму за тоа, за губење време и шеткање наоколу…Недела е ден кога ги средуваш сите впечатоци од излегувањата викендот, ставаш слики во компјутер, одбираш кои можат да стојат на ФБ па ги прикачуваш и нормално се фалиш на пријателите: „Супер журче…мора да го повториме ова следен викенд…“
Недела е ден за толку многу убави нешта, иако некои не го сакаат бидејќи ги убива помислата дека утре е понеделник, и повторно почнуваат работните обврски…
Како вие го поминувате последиот ден од седмицата?! Како вие ја поминавте оваа недела?!Недела е ден за одмор на оние кои работеле напорно во текот на целата седмица, ден за отрезнување и средување впечатоци на оние кои ја поминале луд

Пронајдете не на следниве мрежи: