Што предвидуваат ѕвездите за оваа недела 19.05-25.05.2014Овен
Оваа недела започнуваат недоразбирањата со вашата околина. Вашите деловни соработници ќе бидат лошо настроени кон вас. Можни се кавги. Среда е одличен ден за дружење со пријателите. Одговорете позитивно на секој повик. Посветете внимание и на вашите соништа, тие ќе ви помогнат да ја предвидите иднината.
Бик
Почетокот на неделата искористете го за планирање на одмор. Од вторник до четврток ве очекуваат многу обврски па ќе мора приватниот живот да го оставите на страна. За среќа окружувањето ќе има разбирање за вас. Клучната работа во овој период е добрата организација.
Близнаци
На почетокот на неделата не заборавајте на големите деловни потфати. Сите одлуки оставете ги за во среда. Многу работи не ги земајте здраво за готово. Во четврток е можно многу да ве привлече одредена личност. Кон крајот на неделата повторно фокусирајте се на кариерата.
Рак
Во понеделник и вторник енергијата насочете ја кон вашите најблиски. Потребна е тактичност и не се обидувајте да советувате никого. Во среда ќе дојдете до некои важни информации обидете се да ги искористите на најдобар можен начин. Петок е одличен ден за средување на животниот простор.
Лав
Благодарение на ѕвездите оваа недела ќе бидете многу возбудени и позитивни, па ќе може да ги нервирате останатите. Но не обрнувајте внимание имате право да бидете среќни. Кон средината на неделата ќе му помогнете на пријател во неволја. Ако е потребно одложете и некои свои обврски.
Девица
Позитивната енергија ќе ви остане по одлично поминатиот викенд. Ќе бидете полни со енергија и тоа ќе се рефлектира на работата, па ве очекуваат сјајни моменти. Вие заслуживте да бидете среќни. Кон средината на неделата посветете му се на вашето тело.
Вага
Цела недела по вашата глава ќе се мотаат проблемите со семејството. Убаво е да помогнете но немојте да се преоптоварувате. Бидете одлучни по емотивното прашање. Искористете ја позитивната енергија и одлично забавувајте се.
Скорпија
Оваа недела ќе започне добро. Ве очекуваат многу позитивни моменти и позитивна енергија. Но внимавајте да не имате премногу деловни обврски. Во четврток ќе покренете нов проект за кој ќе ви треба помош од пријател- побарајте ја. А многумина и ќе ви помогнат.
Стрелец
Оваа недела многу ќе штедите. Ако се стабилизиравте обавезно почастете се себе си. Средината на неделата ќе ја обележат пријатни моменти со вашите пријатели. Со колегите исто така ќе бидете во многу добри односи. Па постојано ќе бидете насмеани и исполнети.
Јарец
На почетокот на неделата ќе бидете многу зафатени. Направете некој ред и организирајте се. Промените кои ќе ги направите во животот позитивно ќе се одразат и на љубовниот живот. Кон средината на неделата е можен голем шопинг. Но не претерувајте за подоцна да не зажалите.
Водолија
Оваа недела ќе бидете оптеретени со неважни детали но за среќа ќе успеете да ја држите ситуацијата под контрола. Во вторник ќе му бидете потребни на еден пријател. Но исто така во вторник и во среда ве очекуваат многу романтични моменти. Во четврток ќе ја планирате иднината. За викенд посветете им се на финансиите.
Риби
На самиот почеток на неделата некој ќе ви открие голема тајна. Немојте да ја изневерите неговата доверба. Една тешка одлука ќе треба да биде донесена до крајот на неделата. Бидете свесни дека не можете да го изберете полесниот пат. Овен
Оваа недела започнуваат недоразбирањата со вашата околина. Вашите деловни соработници ќе бидат лошо настроени кон вас