Од оваа лето Македонија може да ја обележите како број еден дестинација за најдобрите забави на Балканот. Претворајќи се во подиум за играње од каде што ечеше најдобрата музика Македонија се трансформира во летна дестинација каде што можете да ја слушнете најдобрата музика од најдобрите светски артисти, музички групи и диџеи. Полека, но сигурно застанавме рамо до рамо со најдобрите десинации за забава и добра музика, за играње и дружење, ги срушивме бариерите и храбро покажавме дека и ние знаеме да играме на добар ритам.Ако се вратиме низ времето и низ жешките месеци кога Македонија се тресеше од добар ритам и од движењето на илјадници журкачи, не фаќа носталгија и сакаме да се вратиме во моменот кога целата публика беше облеана со ист занос и со ист адреналин.
Кои беа најдобрите фестивали кои го одбележаа најжешкото лето и кои покажаа дека границите не се строго обележани?
Ако ја поминете границата на шаблонско однесување и го споите неспоивото, сигурно ќе добиете извонреден резултат, како на пример Skopje Calling. Одлична организација и многу љубители на добра музика кои покажаа што значи да се испочитува добрата музика и да се отвори срцето без ни една маска на лицето. Со артисти од два различни света, од два различни музички жанрови Skopje Calling успешно ги задоволи вкусовите на сите. Thievery Corporation беа први кои го скршија ледот и ги пуштија своите шарени ноти под Калето. Без изговор го дадоа тоа што се очекуваше од нив. После нив, движејќи се по сосема различна линија, влегувајќи во нова сфера, каде што се мешаат сетилата, на Skopje Calling се претстави Martin Garrix кој покажа зошто е на врвот на топ листите. Додека стапалата уште ни се жешки и подготвени за играње,во најжешкиот месец одиме до вода, за да си ги дополниме импресиите на Green Beach Festival во Охрид, во малку поинаква атмосфера и поинаков, но и понатаму интензивен ритам. На Green Beach Festival епицентар беа Sven Väth и Richie Hawtin кои најмоќно до сега ја скротија електронската музика и ја пуштија под нозете на публиката. И додека сме сеуште во Охрид како гранд финале на фестивалското лето беше нов повик кон непознатото, Ohrid Calling. Комплетната организација со повторно најдобрите Afrojack и Hardwell. И тука повторно исто доживување, ист адреналин, публика која се бранува во најдобар ритам, но поинакви слики, поинакви бои.
Бура од емоции и Neuland зоната се единствено што може да ги опише фестивалските денови во Македонија, измешани сетила, а тие што беа знаат како е да се види звукот, да се вкуси бојата и да се слушне вкусот. Секој поединечно докажа дека бариерите се поставени само за оние кои се плашат од непознатото, а дека адреналинот е создаден само за најхрабирте.Ако се вратиме низ времето и низ жешките месеци кога Македонија се тресеше од добар ритам и од движењето на илјадници журкачи, не фаќа ностал