Што се крие зад ангелскиот изглед на Тимошенко?

Никој кој ја запознал Јулија Тимошенко нема да го заборави тој момент. Шармот на украинската политичарка-милијардер е исклучителен. Во политичкото опкружување, преполно со новобогати и криминалци, таа стои над сите. Нејзината ангелска убавина и двете години во затвор ги привлече симпатиите на целиот свет, пишува “мејл онлајн”, пренесува Вечер.Во саботата, во драматичен преврат таа беше ослободена истовремено со менувањето на украинскиот претседател Виктор Јанукович. Доцна истата вечер, Тимошенко, која има силни болки во грбот, се појави во количка на киевскиот плоштад Независност. Таа ги нарече “херои” оние кои го отстранија “ракот” во земјата. Исто така навести и дека ќе се кандидира за претседател на изборите во мај.
Плетенката во косата на русокосата г-ѓа Тимошенко, а понекогаш и нејзиниот кичест изглед, доведе некои мачо политичари во Украина – и во странство – да ја потценат. Вистината е дека нејзината одлучност е застрашувачка. Никој и ништо не може да и застане на патот, нагласува порталот.
Кога е тоа потребно, таа е подготвена да го искористи и нејзиниот непобитен сексуален магнетизам. Еден амбасадор, на новинарот од “мејл онлајн”, еднаш му кажал дека поминал два часа патувајќи во нејзината бесшумна и со темни стакла блиндирана лимузина, и тоа за него било најопасно сексуално искуство кое тој го доживеал во животот. Тој ја интервјуирал повеќе пати. Нејзиниот говор на телото, очите, кокетирачките плетенки во косата и тивкиот глас, биле речиси хипнотизирачки. Но, таа исто така била способна и да експлодира од лутина. Тој ја видел како вика и пцуе во страшна ерупција од бес: мачето се претвора во тигар.

 

Се зборува дека претседателот Михаил Саакашвили исто така бил шармиран од неа за време на лет со хеликоптер, по што се појавија незгодни шпекулации. Но, кога Русија ја нападна Грузија во 2008-ма, Тимошенко, која беше тогаш премиер на Украина, покажа само рамнодушност како одбрана од нејзиниот поранешен владејачки колега. Таа предизвика дури и насмевка на каменото лице на Владимир Путин. Еднаш тој ја пофали дека е некој со кого може да соработува. Никој не се сомнева во нејзината способност да води кампањи. Откако стана милијардер во енергетската индустрија, таа можеше да си ги дозволи најдобрите спин-доктори и “имиџ-мејкери”. И, како што пишува порталот била извонреден оратор.
Тимошенко ги негира сите обвинувања кои се упатени на неа. Но, многумина веруваат дека таа е пример за сето она што е погрешно во украинскиот политички систем. Тоа се случувало во 2004, за време на украинската Портокалова револуција – протест против неизвесните претседателски избори во кои нејзиниот ривал Јанукович победил – а таа процветала во една од најпрепознатливите политичари на планетата.
Нејзината златна коса стана легендарна. Нејзината појава изгледа беше предодредена да буди спомени на принцеза од бајките во украинскиот фолклор. Во 2005-та таа беше назначена за премиер. Но, нејзиниот авторитарен начин на управување и погрешните политики и донеле малку нови пријатели. Нејзината ќерка, еднакво шармантната Евгенија, која студира на Лондонската школа за економија, се покажа како најлојалниот поддржувач на нејзината мајка, и се бореше за нејзино ослободување додека таа беше затворена, а стоеше и покрај неа на плоштадот Независност по нејзиното ослободување во саботата вечерта. Дочекот на Тимошенко од масата народ беше едвај екстатично. Мнозина не сакаат да ја видат како се враќа на власт на изборите во мај. Но за Украинците, алтернативите се барем подобри од претходното зло.Во саботата, во драматичен преврат таа беше ослободена истовремено со менувањето на украинскиот претседател Виктор Јанукович. Доцна истата вечер, Т

Пронајдете не на следниве мрежи: