ШТО СЕ КРИЕ ЗАД НАПАДОТ ВО КУМАНОВО: Македонија е жртва на конфликтот помеѓу САД и Русија за Турскиот тек?!

Според ставовите на бројните економски и политички експерти од нашиот регион, како и според сознанијата на разузнавачките служби, позадината на вооружениот конфликт што се случи во Куманово лежи во борбата за енергетска и економска превласт на Балканот, пренесе „Телеграф“.Коментарите на познавачите на настаните во регионов, сметаат дека ЕУ се обидува со сите сили да ја спречи изградбата на гасоводот, со цел да се намали зависноста од Русија и на тој начин да се заштити од руското политичко влијание.
Македонија повторно виде нова шанса за просперитет кога Путин ја најави изградбата на Турскиот тек, кој требаше да поминува преку Турција, Грција, Македонија и Србија.
Премиерот Никола Груевски, истакна дека во тој проект гледа нова шанса за гасификација на Македонија, како и за солидна заработка од поминувањето на гасоводот преку нејзината територија.
За жал, плановите и интересите на ЕУ се сосема спротивни од оние на Русија, или пак самата Македонија.
Според ставот на експертите, Европската Унија затоа ги стави балканските земји во ситуација да мораат да се откажат и од Турскиот тек, така што го режираше нападот во Куманово, со цел да се дестабилизира Македонија.
По веќе претходно испробаниот рецепт, Западот за сиот потфат пронајде и адекватен соработник во лидерот на опозицијата, Зоран Заев, кој е подготвен сѐ да направи за ЕУ само за да добие поддршка и да дојде на власт.
Целта на објавувањата на неговите разговори секако дека е рушењето на владата Никола Груевски, кој досега покажа дека интересите на својата земја ги става во преден план и не се потчинува на барањата и интересите на Европската Унија – во спротивно, тие не би ни дозволиле да се сруши неговата власт.
Груевски во повеќе наврати ја изрази својата загриженост дека опозицијта соработува со странските служби.
„Гледав и слушав со сопствени уши дека лидерот на македонската опозиција гордо и полн со самодоверба ме известува дека странска служба му даде нелегални и незаконски материјал, делумно монтиран. Не можев да поверувам дека човек којшто сака да ја води државата, не крие дека соработувал со странски разузнавачки служби“, изјавил Груевски.
Истовремено, опозицијата на една конференција за новинари, јавно се изјасни против Турскиот тек и ја критикуваше Владата дека се согласи да реализира скап проект.
Во прилог на тезите доаѓа и фактот дека конфликтот во Македонија е еден вид на искористување на опозицијата како средство за остварување на личните интереси на ЕУ. Во изјавата на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров во Белград, беше оценето дека нападите во Куманово се добро подготвени терористички акции.
„Убеден сум дека Брисел знае, но дека со тоа ја правдаат неефикасноста на сопствените напори“, истакнал Лавров.
Тој наведе дека можеби и тука станува збор за менталитет на конфронтација, но напомена дека тоа се случи во моментот кога Македонија одби да воведе санкции против Русија и подготвеноста на Скопје да учествува во проектот „Турски тек“.
„Не можеме да го избегнеме чувството дека постои некаква врска“, нагласи Лавров и ја повика Европската Унија да ја поддржи реализацијата на Турскиот тек, кој би овозможил јакнење на енергетската безбедност на Европа.Коментарите на познавачите на настаните во регионов, сметаат дека ЕУ се обидува со сите сили да ја спречи изградбата на гасоводот, со цел да се нам

Пронајдете не на следниве мрежи: