Ако се двоумите да го изедете парче леб и притоа забележите дека има мувла на неговата кора, отсекувањето на мувлосаниот дел можеби изгледа како прифатливо решение. Но, можеби ќе зажалите затоа што мувлата која може да направи да ви биде лошо, се наоѓа и во деловите каде што не ја гледате. Иако може безбедно да се отстрани од некоја храна, сепак е ризично да се внесува. Најдоброто мото е, ако забележите мувла на некоја храна, најдобро е да ја фрлите.
Видови на мувли Мувлите, односно габите постојат во повеќе од 300000 форми, но штетните нуспроизводи од мувлите, наречени микотоксини, ги има само кај 30 од нив. Околу 25% од храната во светот е контаминирана со овие микотоксини. Житото и оревите најчесто се загадуваат од мувла, но исто така извор на мувла може да бидат јаболката и грозјето. Ефекти Не сите видови на мувла може да ги предизвикаат несаканите ефекти кај човекот. Penicillium roqueforti го има во познатите мувлосани сирења. Сепак, мувлите кои продуцираат афлатоксин, кој ги загадува пченка и кикирите, меѓу останатите хранливи продукти, може да го зголемат ризикот од развој на рак. Другите токсини, како што е ергот, може да предизвикаат халуцинации и други невролошки проблеми. Микотоксините може да предизвикаат гастроинтестинални, кожни и проблеми со видот. Луѓето со ослабен имунолошки систем, постарите и најмладите се најподложни на микотоксичните инфекции Консумирање на мувлосана храна Мувлите често пати влијаат на храната, со тоа што и покрај отранувањето на видливиот мувлосан дел, мувлата ја има и подлабоко во хранливиот продукт, само што таа не е видлива на голо око. Затоа, експертите препорачуваат, доколку се работи за некој мувлосан хранлив продукт, најбезбедно ќе биде да се фрли. Исклучок се само мувлосаните сирења и кашкавали, кои комерцијално се изработуваат и продаваат.Но, можеби ќе зажалите затоа што мувлата која може да направи да ви биде лошо, се наоѓа и во деловите каде што не ја гледате. Иако може безбедно да