Што се спаѓа под неверство?

Иако правилата на врските се менуваат како што се развива друштвото и паровите имаат поголема слобода отколку порано, неверството е и понатаму причина поради која се распаќаат врските. Што е точно неверството, како би го поднеле фактот дека вашиот партнер ве изневерил и дали неверството на ист начин ги дефинира мажите и жените- ова се неколку прашања со кои неодамна беа цел на американските истражувања.Неколку американски страници за онлајн запознавање спровеле мало истражување на околу 3000 луѓе без партнери на возраст од 18 до 60 години.
Што точно претставува неверството за мажите и жените? Студијата открила дека 100 отсто од женските испитаници бакнувањето со друга личност го сметаат за неверство, додкеа на ист начин размислуваат 86 отсто од мажите.
Според тоа, 77 отсто од жените емоционалната врска со друга жена го сметаат за неверство, во однос на 55 отсто од мажите. Така, околу 80 отсто од жените и 56 отсто од мажите праќањето на СМС пораки или онлајн флерт го сметаат за неверство.
Во однос на разликите во дефинирањето на неверство, две третини од иситаниците би размислиле дали би се венчале со личноста која им била неверна. Само 4 отсто од нив велат дека би стапиле во брак со оние кои ги изневериле.
„Некои луѓе полесно простуваат од други. Сепак станува збор за тешки моменти кои треба да се пребродат и кои може да претставуваат значаен проблем во врската. Ако се преброди, партнерите ќе станат посилни и поповрзани.
Научниците додаваат дека комуникацијата и искреноста помеѓу партнерите е најважна за да може да се спречи да дојде до изневерување.Неколку американски страници за онлајн запознавање спровеле мало истражување на околу 3000 луѓе без партнери на возраст од 18 до 60 години.

Пронајдете не на следниве мрежи: