Што со еврото ако Црна Гора влезе во ЕУ?

Црна Гора, која со години како своја валута го користи еврото, иако не е членка на Европската унија, ниту на еврозоната, може да се соочи со проблем, при влегувањето во Европската унија.
Прашање е дали таа земја, за време на преговорите за пристап на Унијата мора да се откаже од еврото, за потоа повторно да го воведе, според правилата.
Црна Гора, за да ја избегне инфлацијата, но и на тој начин да го отстрани режимот на Слободан Милошевиќ, во 1999 година го напушти динарот како своја валута и ја воведува германската марка, со одобрување од таа земја. „Ние ја купивме германската марка, извршивме конверзација и имаме во платниот систем евро и тоа е некоја премолчена согласност, во овој момент“, вели црногорскиот министер за финансии и поранешен гувернер на Централната банка, Радоје Жугиќ. За некоја земја да го воведе еврото како своја валута, услов е да биде членка на Европската унија, а потоа да ги почитува критериумите од Мастрихт, кои се однесуваат на ниската стапка на инфлација, буџетскиот дефицит да е под три отсто, а јавниот долг помал од 60 проценти од бруто домашниот производ (БДП). Министерот Жугиќ вели дека заради чување на еврото во Црна Гора се спроведуваат мерки на штедење, се замрзнуваат пензии, и се планира дополнителен данок на заработка. Сепак, за влез во еврозоната, портпаролот на Европската централна банка, Кшижановски, наведува уште еден критериум. „Земјата мора да воспостави стабилен девизен курс, што значи дека валутата на земјата мора да биде стабилна во однос на еврото во одреден временски период“, вели Кшижановски. Дали Црна Гора ќе воведе своја валута за да го исполни тој критериум, ќе биде политичка одлука. Министерот за финансии се надева дека нема да мора да се прави тоа. Тоа што Црна Гора сега нема своја валута, за министерот за финансии всушност ги поедноставува работите. „Тоа според нас е олеснителна околност, покрај останатите критериуми што треба да се исполнат за да станеме официјална членка на еврозоната“. Стручњакот од Институтот за економски истражувања во Келн, Јурген Матес, вели дека евентуално воведување своја валута може да и’ помогне на замјата, доколку се најде во економски проблеми. Тој не ја исклучува можноста да се бара од Црна Гора воведување нова валута. „Можам само да претпоставам дека Црна Гора можеби е во некои макроекономски потешкотии, па за да избегне некое решение може да воведе сопствена валута, затоа што би била можна девалвација или дури и сопствена монетарна политика“. Во Црна Гора, која има околу 650 илјади жители, велат дека толку мала економија не може да влијае на еврозоната. Изговорот е ист и за другите земји кои го користат еврото, а не се во Европската монетарна унија, како за Ватикан со 832 жители, за Андора, Сан марино, Монако и за Косово со речиси два милиона жители.
 
МакфаксЦрна Гора, која со години к

Пронајдете не на следниве мрежи: