Што треба да направите за време на земјотрес

Земјотресите станаа речиси секојдневние во нашата земја . Тлото на земјата се почесто се тресе, а еве и неколку совети за вас како да постапите за време на земјотрес и после него.Најважно од се е да се зачува присебноста. Неопходно е да се спасат лицата што останале под евентуалните урнатини и да се спречи зголемувањето на бројот на жртвите.
Ако земјотресот се случил во текот на ноќта, и вие се наоѓате во целосна темнина, не брзајте да запалите свеќа или запалка. Ако имате батерија, тогаш искористете ја неа. Ако немате други извори на светлина, тогаш прво почекајте, помирисајте да не има истечено гас или бензин или некое друго експлозивно средство, и после користете запалка. Во спротивно, можете да предизвикате експлозија, пожар или други некои последици кои ќе предизвикаат нови жртви.
Потрудете се, доколку е можно, да ја затворите боцата со гас, ако имате таква, и исклучете ги водата и струјата.
Ако забележите некој мал пожар во домот, потрудете се сами да го изгаснете. Ако е поголем, прво изнесете ги на безбедно место децата и ако има повредени. Не допирајте оголени жици или ако им до нив близу метални и водени предмети.
Ако имате статичен телефон или мобилен кој работи, повикајте брза помош или некоја друга спасувачка служба.
Ако веќе се спроведува спасувачка акција и нема потреба од ваша помош, тргнете се на страна, само ќе им сметата на спасувачите.
Не влегувајте во зоната на рушевините бидејќи можете да станете жртва.
Ако знаете дека под рушевините останале луѓе, не брзајте самостојно да ги спасувате и да ги расчистувате тулите и бетонот. Запомнете дека секое ваше невнимателно движење може да предизвика понатамошно разрушување и смрт на луѓето кои се под нив.
Ако имате можност, облечете чевли со тврд ѓон за да не се повредите од скрешните стакла и делови од циглите или други остри предмети кои паѓале.
Ако немате телефонска мрежа, а при рака ви се најде некое радио, обавезно вклучете го и слушајте ги информациите за големината на катастрофата, кои мерки се преземаат и што да прават граѓаните.
Морате да се подготвите самостојно да ги преживеете наредните неколку дена. Затоа, потрудете се да земете и складирате на суво и безбедно место продукти, конзерви, двопек, грицки, суво овошје и сл.
Ако има пукнати оџаци или некој друг вградени печки на цврсто гориво, во никој случај немој да палите оган за да не предизвикате пожар.
Ако земјотресот ве затекол на работа, потрудете се прво да им помогнете на колегите и клиентите кои се затекнале околу вас, а потоа одете дома.Најважно од се е да се зачува присебноста. Неопходно е да се спасат лицата што останале под евентуалните урнатини и да се спречи зголемувањето на б

Пронајдете не на следниве мрежи: