Kога ја чита човек изјавата на американскиот амбасадор Џес Бејли дека САД не се меша во внатрешните работи во Македонија, а обвинувањата дека Американците стојат зад „обоената револуција“ ги сместува во „теории на заговор“, ги препрочитува уште еднаш неговите зборови за да се увери дека токму така пишува.Не само што се меша во внатрешните работи во државата, туку неговиот збор е заповед за нашите политичари.
А дали САД стојат или не стојат зад „шарената револуција“, никој не очекува од него директно признание. Никој не очекува од Бејли да кажа, „да, ние го симнуваме диктаторот со помош на револуционери“. Доволно е само да се погледнат финансиерите на „шарените“, а тоа се УСАИД и Сорос, за да се заклучи од каде дува ветрот на промените.
Некогаш тоа го прават многу отворено, како случајот со Украина, кога Викторија Нуланд им делеше сендвичи на демонстрантите или, пак, рушењето на Башар ал-Асад. Но, некогаш тоа го прават притаено. Сепак, доволно ни е позната нивната тактика на дејствување за да знаеме што се случува кај нас.
За тоа дали САД се мешаат или не се мешаат во внатрешните работи во Македонија, не е лошо да се посочат неколку примери за да се освежи сеќавањето на Бејли.
Ајде да почнеме од почетокот на „бомбите“. Прво, „бомбите“ уследија откако Путин спомна дека главната траса на „Турскиот тек“ ќе минува низ Македонија. На самиот почеток на „бомбардирањето“, Бејли во интервју за телевизијата „Телма“, дадено во април 2015 година, им порача на функционерите чии гласови ги слушнавме во „бомбите“ да си дадат оставки. Што е тоа ако не е мешање во внатрешните работи?
Набрзо по тоа еден по еден од министрите заедно со директорот на УБK Сашо Мијалков се повлекоа од функциите. Пред да се повлечат се случи Дива Населба. Во полициската акција против терористичката група загинаа осум полицајци. Имаше жртви и од страната на терористите. На четворица од нив не им го дознавме идентитетот, само разбравме дека не биле Албанци, туку инструктори странци дојдени од Kосово. А со кого соработуваат Kосовците, не е тешко да се погоди.
По акцијата во Дива Населба, наместо осуда за терористите, Бејли го повтори тоа што го кажа во интерјуто за „Телма“, дека треба што побрзо да се расчисти со оние чии разговори ги слушнавме во „бомбите“. Човекот што доаѓа од државата од која Сноуден избега дури до Русија откако откри дека НСА го прислушува целиот свет, тука ги заштити замешаните во „Пуч“ и побара соодветни политички и правни мерки за луѓето од власта.
По „Дива Населба“, освен оставките на двајца министри и директорот на УБK, следеше и пржинскиот договор, формирање преодна влада, паралелното обвинителство и сето тоа по барање на странците предводени од Бејли. Што е тоа ако не е мешање во внатрешните работи?
Македонија лека-полека почна се повеќе да заличува на протекторат отколку на суверена и независна држава каква што би требало да биде. Главниот збор го имаа и с` уште го имаат американскиот амбасадор Бејли и неговите европски колеги.
Бејли побара и откажување на закажаните избори на 5 јуни. Kако што побара Бејли така и се случи. Откако претходно им заповеда на своите миленичиња, албанските партии, да не поднесуваат листи за претстојните избори закажани за 5 јуни, ни рече дека нема услови тие да се одржат.
Али Ахмети презема иницијатива да се свика Собранието и изборите да се одложат. Тој само го направи тоа што му го кажа оној за кој во Македонија живеат Словени и Албанци, тој што „не се меша“ во внатрешните работи на државата.
За тоа дека Бејли не се мешал во правосудството е посебна приказна. СЈО е под директна капа на Бејли. Е, сега, дали во неговата држава некој амбасадор ќе се осмелил да изусти збор за тоа што американската државна обвинителка Лорета Линч одлучи да н` поведе никакви кривични пријави за приватните мејлови на поранешниот државен секретар Хилари Kлинтон, тоа е друга ситуација. Kога е во прашање САД никој не смее да се осмели ниту да помисли да им кажува што треба да прават на оние кои од уста не вадат „владеење на право и правна држава“. А овде Бејли кажува кој треба да одговара и против кого треба да се поведе обвинените. А неговото мислење се поклопува со мислењето на специјалната обвинителка Kатица Јанева, која работи по мерка на Бејли, што пак, се поклопува со желбите на опозицијата.
Што уште треба Бејли да побара, а нашите политичари да му исполнат за да рече дека се меша во внатрешните работи во Македонија. Можеби треба да се исчистат од Избирачкиот список сите што гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, кој да знае?
Ирена Радовановиќ за ДневникНе само што се меша во внатрешните работи во државата, туку неговиот збор е заповед за нашите политичари.
А дали САД стојат или не стојат з