Што ве очекува оваа недела 17.10-23.10.2016

Што ве очекува оваа недела?Овен
Не дозволувајте некој неправедно да ги критикува или оспорува вашите работни резултати, потрудете се да ја контролирате својата суета. Наместо да се натпреварувате и надмудрувате во односот со соработниците кои имаат различни критериуми, променете го својот стил на однесување.
Бик
Делувате многу одговорно пред својата околина и не дозволувате некој да го менува вашиот работен ритам или планови. Ви импонира сознанието дека соработниците имаат доволно доверба во вашето знаење или способности. Распоредете ги своите обрвски по критеримите на важност и исплатливост, нема потреба да се замарате со некои споредни рабооти.
Близнаци
Доколку ви е важно да ги остварите своите работно-финансиски цели, потребно е да имате добра концентрација. Нема причина да ги преценувате личните можности, постојат ситуации кои го надминуваат вашето знаење и практично искуство. Работниот успех се сведува на добро планирање и на договор за заедничките интереси или приоритети.
Рак
Доколку своите идеи ги претставите на интересен начин, ве очекува позитивен одзив и поддршка меѓу соработниците. Потребно е да испланирате различни детали, кои делуваат поттикнувачки на околината и воедно ја поддржуваат заедничката визија за успешна соработка.

 
Лав
Важно ви е да се изборите за подобра работна позиција и делувате многу убедливо пред соработниците. Имате интересни идеи, но потребно е и одредено време околностите да се променат во ваша корист. Важно е да се прилагодите на различни творечки фази во работењето. Постојат обврски кои бараат примена на нови методи, но со почитување на зацртаните правила
Девица
Не сакате да се осврнете на различните забелешки кои ги добивате, имате впечаток дека се наоѓате чекор пред другите соработници и дека наскоро ви претстои нов успех. Поради добрите работно-финансиски проценки и деталните планови, ве очекуваат дополнителни резултати. 
Вага
Ве очекуваат бројни обврски и нова расправа во договорот околу заедничките обврски. Соработниците ви забележуваат дека своите лични интереси ги ставате во прв план или дека често спроведувате самоволие. Сепак, заострената работна клима ќе ве натера правилно да ги подмирите своите финансиски обврски.
Скорпија
Доколу ви е важно да го сочувате добриот работен рејтинг и успешниот однос со соработниците, потребно е да прифатите корисен совет. Премногу сте горди и не сакате да зборувате за проблемите кои ве попречуваат, но на таков начин непотребно ја отежнувате својата работна или општествена положба.

 
Стрелец
Сакате да ги спроведете своите работни намери, поради тоа не губете време и делувате многу енергично на средбата со соработниците. Практичниот дух и претприемчивоста гарантираат успешни разултати на различни страни. 
Јарец
Делувате многу промислено и важно ви е да придобиете нечија доверба во различни службени контакти. Информациите со кои располагате не претставуваат цврста гаранција за работен успех, но не ви пречи да преземете одговорност и соодветен степен на ризик. 
Водолија
Оптерете ни сте со различни обврски и нови идеи кои ги заговараат вашите соработници. Со забрзани методи се обидувате да завршите некои планирани работи. За жал, немате доволно трпение за соработниците кои го успоруваат службениот договор.
Риби
Делувате многу снаодливо во проценката на добрите шанси и по испробан рецепт ги повторувате „успешните формули“ во работно-финансиската соработка. Продолжете да поттикнувате креативно во идеите, но не се откажувајте ниту од материјалните резултати. Вашата добитна комбинација претставува спој на убави и корисни работи во различни правци.Овен
Не дозволувајте некој неправедно да ги критикува или оспорува вашите работни резултати, потрудете се да ја конт

Пронајдете не на следниве мрежи: