Младите би требало да бидат добро информирани за сексуалните односи, несаканата бременост, полно преносливите болести и средствата за контрацепција. Најмногу истражувања за сексот и контрацепцијата вршат фармацевтските куќи за да дојдат до подобри и поздрави контрацептивни средства.Изнесуваме некои податоци за контрацепцијата и сексот до кои дошле стручњаците низ бројни истражувања.
1. Секс
Истражувањата покажаа дека за голем број парови сексуалниот однос во траење од 2 до 5 минути е прекраток, а помеѓу 20 и 30 минути е предолг.
Просечно „идеално“ траење на „квалитетен“ сексуален однос изнесува околу 10 минути, односно 7-15 минути.
Сексот за време на бременост не е забранет, дури е и пожелен, но не и во последниот месец на бременоста.
Со сексот во бременоста не треба да се претерува и треба да се води сметка за можните инфекции како и да се избегнуваат „гимнастички пози“ за жената.
Жената може да има односи и за време на мензис, но и тогаш постојат ризици. За време на менструалното крварење жената е многу подложна на инфекции.
Бидејќи повеќето жени имаат релативно нередовни менструации, постои голема веројатност жената да забремени и за време на мензис (20-25%)
2. Контрацепција
Единствено апстиненцијата пружа 100% заштита од бременост и полово преносливи заболувања, но може да предизвика психички и социјални проблеми кај паровите.
Стопроцентна заштита не постои, но постојат средства кои овозможуваат висок процент на заштита од несакана бременост.
Треба да се знае дека од сите контрацептивни средства кои се на располагање само кондомот штити од полно преносливи заболувања. Кондомот и контрацептивните таблети гарантираат околу 95-99% сигурна заштита од бременост.
Според УНИЦЕФ во Европа, во Велика Британија 80% од паровите користат современи средства за контрацепција, а Полска и Србија се на дното со околу 20%.
Едно истражување во Канада покажало дека хомосексуалците (и бисексуалците) се подобро информирани за полово преносливите болести од хетеросексуалците, кои се три пати помалку информирани за можностите за несакана бременост.
Природните методи на контрацепција (плодни- неплодни денови, прекин на однос…) овозможуваат заштита од бременост во 80-95% случаи.
Меѓутоа, доколку овие методи се користат подолго време (поголем број сексуални односи), постои реална опасност од забременување по неколку години.
3. Сакана и несакана бременост
За околу 10% парови кои сакаат принова потребно е повеќе од една година за да дојде до зачеток, а за 5% повеќе од две години.
Секој шести пар бара лекарска помош поради неплодност или сомнеж за стерилитет.Дебелите жени и мажи имаат повеќе проблеми со неплодноста (стерилитетот) отколку паровите кои имаат просечна тежина.
Неухранетите (анорексични) жени поради пореметена хормонска рамнотежа и нередовни овулации многу тешко забременуваат (се додека тежината не ја доведат во нормала).
Пушењето и алкохолот, изложеноста на пестициди и загаден воздух, многу неповолно влијаат на плодноста кај паровите.
Идеална старост на паровите за сакана бременост е 22-25 години старост, а по 35-тата година веројатноста за прва бременост е се помала.Изнесуваме некои податоци за контрацепцијата и сексот до кои дошле стручњаците низ бројни истражувања.
1. Секс
Ист