Што велат за вас „шкртките“ што ги шарате на хартија

Секој натпис и сликичка на хартијата е одраз на нашата моментална ментална состојба и секоја од нив крие сопствена приказна. Во продолжение се изложени значењата на поединечни „шкртки“. Ако цртате стрелки тоа значи дека сте усмерени на целта која сакате да ја постигнете и работите темелно на нејзиното остварување.
Квадратчињата се одраз на конструктивноста, практичноста, корисноста, емпатијата и позитивниот став.
Коцките упатуваат на тоа дека тежнеете кон согледување на предметите на вашите интересирања (проблем, животна ситуација) од различни агли.

Триаголници цртаат оние кои се соочуваат со предизвици на рационален и логичен начин.
Бесцелните линии се знак дека се чувствувате изгубено. Обично ги цртаат депресивните, фрустрирани и изеритирани личности.
Ѕвездите укажуваат на тоа дека се надевате на некому и нешто.
Круговите се знак дека ќе реагирате пасивно, наместо активно.
Веќе познато: Срцињата ги цртаат заљубените.
Лицата се одраз на нашите чувства, дрвата се одраз на нашето его и амбиција. Цвеќињата ја изразуваат женственоста. Ако цртате стрелки тоа значи дека сте усмерени на целта која сакате да ја постигнете и работите темелно на нејзиното остварување.

Пронајдете не на следниве мрежи: