Како што веќе можевте да забележите, фирмата-ќерка на Google, Alphabeтt, уште еднаш направи промена добро познатото лого на познатиот пребарувач. Боите на буквите се исти како и порано, но фонтот е сменет во Санс Шериф.Освен тоа, логото како изгледа малку повпечатливо од порано, што веројатно се должи на позаоблената форма на буквите. Може и да забележите дека типичната и малку издолжена буква „g“, веќе изгледа сосема поинаку.
Но, што се крие зад ова дизајнерско решение? Сајтот Cnet, цитира публикација на Google, која ја објаснува функцијата на новото лого, но таа веројатно е малку поапстрактна од очекуваното.
Според нивните тврдења, новото лого ја одразува вистинската природа на Google – дека им помага на корисниците без оглед на тоа каков тип на уред користат, но и покажува како „магијата на Google“ работи за нас дури и на најмалиот допир.
Според компанијата, новото лого и воопшто новите елементи вклучени во услугите на Google, отсега ќе ни покажат како точно работат за нас. Дискутабилно е дали секој корисник ќе ја „види“ целата магија во ова лого за кое Google зборува.
Факт е сепак дека тоа изгледа модерно и дава некакво чувство на удобност. Порано или подоцна, логото и така требаше да биде променето.Освен тоа, логото како изгледа малку повпечатливо од порано, што веројатно се должи на позаоблената форма на буквите. Може и да забележите дека тип