Што за нас кажуваат стапалата и прстите на нозете

Читањето на стапалата е дел од кинеската и индиската традиција веќе 5.000 години. Се верува дека нозете се огледало на останатиот дел од телото. Болките во стапалата, грчевите  и плускавците предупредуваат на проблеми со другите делови на телото. -Стапалата кажуваат се за нас, од проблеми со здравјето па се до љубовни проблеми.
Ножен палец
Ако вашиот палец е многу подолг од другите прсти, вие сте паметни и креативни. Полни сте со идеи, а проблемите ги решавате на необичен начин. Понекогаш имате проблеми со концентрацијата.
Малиот палец укажува дека сте луѓе кои може да прават повеќе работи истовремено. Многу сте делотворни, и шармантни.
Вториот ножен прст
Ако овој прст ви е долг тогаш вие сте роден лидер. Динамични и снаодливи, луѓето ве доживуваат како напорен затоа што секогаш вие сте иницијаторот на се. Според ова во индиската традиција мајките не дозволувале синовите да се оженат со жени кои имале долг втор ножен прст.
Оние со мал прст се среќни со она што го имаат и нема да се обидат тоа да го променат.

 
Трет ножен прст
Овој прст кинезите го поврзуваат со енергијата и волјата. Ако овој прст ви е релативно долг тоа значи дека човекот е енергичен и снаодлив.Што е подогл прстот тогаш поголема е веројатноста дека ќе имате успешна кариера. Овие луѓе се перфекционисти.
Луѓето со краток трет прст знаат да уживаат во животот.
Четврт ножен прст
Долг и рамен прст кажува дека сте човек кој е приврзан за семејството. Ве погодуваат сопствените но и проблемите на другите луѓе.
Кинезите ќе кажат дека сте нежна и ранлива душа. Мора да се опуштите и да научите дека не треба да се оптеретувате со туѓите проблеми.
Краток прст значи дека семејството не ви е многу важно и фокусирани сте на нешто друго.

 
Мал ножен прст
Ако имате многу мал прст тогаш сте детинести, се брзо ви здосадува, бегате од одговорност и  постојано трагате по забава. Ако може да го помрднете малиот прст од четвртиот тогаш сте импулсивни и шармантни. Ако не можете тоа значи дека ја сакате рутината.
Жените кои бараат забава треба да одберат маж кој може да го помрдне овој прст а ако сакаат сопруг треба да бараат маж кој нема да успее да го помрдне малиот од четвртиот прст.
Вкупен впечаток
Ако прстите ви создаваат уредна линија, тоа укажува на методична и практична личност.
Облик на стапалото
Луѓето со широко стапало имаат немирен дух и секогаш бараат забава. Ако имате долги стапала тогаш тешко прифаќате обврски. -Стапалата кажуваат се за нас, од проблеми со здравјето па се до љубовни проблеми.
Ножен палец

Пронајдете не на следниве мрежи: