Амин е еден од ретките хебрејски зборови што се употребува при литургиите во христијанската црква во неизменета форма, заради вонредната светост: во евангелието по Матеј, овој збор Спасителот го изрекува 28-пати, а во евангелието по Јован – 26. „Амин“ е декларација за потврда на нешто, збор кој може да се најде во хебрејската Библија со значење „нека биде, навистина, без сомнеж, неспорно“.Етимолошки, зборот доаѓа од хебрејскиот глагол „аман“ што се преведува како „засилува, потврдува“. Меѓутоа, коренот на овој збор е општосемитски и може да се најде и во арамејскиот јазик на кој проповедал и Исус Христос.Зборот „амин“ од јудаизмот навлегол и во грчкиот јазик на раната црква, а од грчкиот и во латинскиот, од каде се рассејува низ Западна Европа. Тука треба да се потенцира еден важен факт: латинскиот јазик бил официјален јазик на Источноримската империја сè до 610 година, но во текот на целата историја на обединетото Римско царство, и грчкиот јазик станал јазик на кулурата и филозофијата, а со самото тоа, и на религијата. Граматичарите сметаат дека коренот на согласките во овој збор – „амн“ (затоа што „алеф“ има функција на согласка според хебрејската морфологија) може да се преведе како „да се биде цврст, да се потврди, да се биде сигурен, веродостоен, да се има верба, да се верува“.Арапите го имаат зборот „аман“ кој има исто значење и се претвора во „амин“ на ист начин како и во хебрејскиот јазик. Муслиманите зборот „амин“ го употребуваат исто како и Евреите и христијаните: кога ја завршуваат молитвата.Многу следбеници на теозофијата, на афроцентристичките историски теории и на езотеричното христијанство, сметаат дека зборот „амин“ е поврзан со египетскиот бог Амон кој понекогаш се нарекува и Амен.Во еден момент Амон се споил со богот на Сонцето – Ра, па станал Амон-Ра; во таква форма станал бог над боговите и најважното египетско божество, трансцендентално, самосоздадено и надвор од каква било конкуренција, заштитник на сиромашните и централно битие што се однесува до личната побожност. Во тој момент египетската религија станала практично монотеистичка, затоа што сите останати богови биле третирани како поединечни манифестации на Амон.Главно постојат и мислења дека зборот „амин“ има ист корен со санскритскиот збор „аум“ односно „ом“, но исто како и кај хипотезата околу богот Амон, не постои научна поткрепа.Етимолошки, зборот доаѓа од хебрејскиот глагол „аман“ што се преведува како „засилува, потврдува“. Меѓутоа, коренот на овој
Пронајдете не на следниве мрежи: