Стогодишна старица заборавена од сите: Ги изгубила мажот и синот и живее во трошна…

100- годишната старица Бејза Окугиќ, веќе долг период живее сама во трошна куќа, заборавена од сите, во бихачката населба Каменица, во БиХ.Оваа старица нема ниедна роднина, а во текот на војната во БиХ го изгубила својот единствен син.
Непосредно по завршување на војната остана и без сопругот, кој починал. Единствен извор на приход претставува скромната пензија.
“Понекогаш ми помагаат соседите, носат храна или одат да купат тоа што ми треба. Да не се тие, ни сама не знам што би правела, веројатно би умрела од глад.” – изјави таа и додава:

“Имаше тешки периоди, но најтешко ми беше во детството затоа што сум родена во сиромашно семејство. Татко ми беше земјоделец и едвај не прехрануваше. Имаше денови кога немавме јадено скоро ништо.”
Се омажила на 17- годишна возраст и долги години живеела среќно со својот сопруг. Најмногу тагува за својот единец син, кој умрел во времето на војната од заскитана артилериска граната.
“Судбината сакала да доживеам скоро 100 години и вака да се мачам. Најмногу се плашам од зимата, бидејќи не можам сама да палам оган. За среќа, имам добри соседи кои ми помагаат и ми ја чистат куќата.”- заклучи старицата.Оваа старица нема ниедна роднина, а во текот на војната во БиХ го изгубила својот единствен син.
Непосредно по завршување на војната остана

Пронајдете не на следниве мрежи: