Демократската партија на Србите во Македонија по ниту еден основ нема да дозволи да биде ситен кусур во играта на политичките авантуристи кои имаат за цел не само да ја загрозат положбата на делот од српскиот народ во Македонија преку федерализации, кантонизации, поделби и слични вонуставни активности, туку и вредностите на заедничкото живеење кои ваквата политика сериозно ги нарушува.Демократската партија Србите во Македонија смета дека ниту една изборно политичка пресметка не може, ниту смее да биде повредна од загрозувањето на државноста како мерка за опстанок на генерациите кои доаѓаат.
Во соопштението што до медиумите го испрати претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоилковиќ се вели дека изјавите на лидерот на Социјал Демократскиот Сојуз на Македонија Зоран Заев за двојазичноста, која во суштина е само друго име за промена на уставно правниот систем и пристојна замена на повикот за директна политичка и економска дестабилизација на државата, и отворениот повик за излегување од уставната рамка во која е вграден и рамковниот договор, за вониституционално уредување на односите внатре во државата се крајно опасни по животот, правата и слободите на граѓаните и опстанокот на државата.
Очигледно е дека во таа и таква вонинституционална рамка, надвор од Уставот на Република Македонија нема ниту место, ниту простор за елементарна егзистенција на припадниците на српската, но и на другите помали национални заедници, а како тргнала работата ниту за Македонија каква ја знаеме и живееме денес.
Демократската партија на Србите во Македонија по ниту еден основ нема да дозволи да биде ситен кусур во играта на политичките авантуристи кои имаат за цел не само да ја загрозат положбата на делот од српскиот народ во Македонија преку федерализации, кантонизации, поделби и слични вонуставни активности, туку и вредностите на заедничкото живеење кои ваквата политика сериозно ги нарушува. Припадниците на заедниците сериозно го препознаа својот интерес во изборниот процес, и затоа се сигурни дека демократските избори ќе ги заштитат нивните тешко стечени специфични права бидејки тие не се резултат на корупција, туку на успешната соработка во владината коалиција, која убедливо ќе победи на претстојните парламентарни избори, се вели во соопштението на Демократската партија на Србите во Македонија.Демократската партија Србите во Македонија смета дека ниту една изборно политичка пресметка не може, ниту смее да биде повредна од загрозувањето на