Првиот претседател на Собранието на Република Македонија, Стојан Андов, ги множи со нула мнозинството од 455 илјади граѓани кои својот глас на изборите на 11-ти декември го дадоа за коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ која победи на изборите.Наспроти очигледната победа на ВМРО-ДПМНЕ и освоените околу 20 илјади гласови повеќе, Андов тврди дека на овие избори немлоа победник и затоа Владата немало да ја формира победникот на изборите, туку таа ќе се формирала со создавање на постизборни коалиции.
-Изборите се фактички готови. Нема победник кој би можел да формира влада без постизборна коалиција. Парадите со победата на ВМРО – ДПМНЕ се тажни, но неодговорни. Се собраа, да го излеат „гневот на народот“ пред ДИК, бранејќи ја „победата“, пишува Андов.
Според логиката која Андов ја искажува, излегува дека волјата на 455 илјади граѓани кои на слободни и фер избори го дадоа својот глас е еднаква на нула и најважно според Андов е тоа кој ќе биде полукав во формирањето на владата, а не која коалиција освоила мнозинство гласови. Ова значи дека според Андов мнозинството не е важно, со што првиот претседател на Парламентот го урива основниот постулат на демократијата.Наспроти очигледната победа на ВМРО-ДПМНЕ и освоените околу 20 илјади гласови повеќе, Андов тврди дека на овие избори немлоа победник и затоа Влада