Од 4-ти до 14-ти август во Струга се одржува меѓународниот арт фестивал „Езерски бисери“, познат по откривањето бројни млади талентирани уметници. Годинава голем успех постигнаа македонските учесници. Во натпреварот по класична музика најуспешни беа Стојан Стојанов (Македонија) на гитара и Мирела Јабанџиева (Бугарија) во соло пеење.Тие ја добија наградата лауреат од прв степен, а бидејќи и двајцата освоија по максимални, 100 бода од интернационалното жири, ја добиваат и посебната награда „Бисер на фестивалот“.Стојан Стојанов (14г.) е од Струмица, потекнува од семејство во кое скоро сите свират на неколку инструменти, свири веќе 6 години гитара и од есен ќе го продолжи своето музичко образование во Скопје.
Мирела Јабанџиева (24 г.)годинава дипломираше соло пеење на Музичката академија во Софија, зад неа се веќе бројни улоги на оперската сцена , како и настапи како солистка на оркестри. Освои прва награда на фестивалот „Арт Старс“ во Варна 2015 г.,а од есен ќе биде солистка на Великотрновската Опера.
За лауреати од прв степен се прогласени македонските претставници, пијанистките Инес Неделковска, Марија Николовска и Ребека Стојкоска, како и Џејден Марун од Кипар.
Лауреати од втор степен се Магдица Димитровска и Александра Стојкова (дуо пијано) и Еда Шазиман од Македонија, Викторија Тодорова од Бугарија.
Ивона Базгалоска и Наталија Калајџиеска на пијано се лауреати од трет степен.
Жирито го сочинуваат врвни имиња: Виктор Бабарикин (Белорусија, диригент на Претседателскиот оркестар), Иванка Нинова (Бугарија, оперска пејачка во Софиската Национална Опера, доцент на Националната Музичка Академија во Софија), Вадим Палмов (Русија, познат пијанист, професор на Виша школа во Карлсруе, Германија), Даница Стојанова (Македонија, професор по пијано и камерна музика во ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“), а претседател на жирито е Јован Бицевски (Македонија, професор по виола и директор на ДМБУЦ „И.Н.Луј“).
Денеска Вадим Палмов и Иванка Нинова одржуваат мастер класови за учесниците на „Езерски бисери“ што е извонредна можност за младите пијанисти и пејачи.
Вечерва од 20 ч. пред црквата Св.Богородица во Калишта ќе бидат доделени наградите, а потоа следи концерт на најдобрите учесници.
Утре од 21 ч. во Центарот на култура во Струга ќе се одржи Гала концерт на „Езерски бисери“на кој ќе настапат најдобрите учесници во програмата естрада, кореографија и фолклор, како и двајцата најдобри учесници во класична музика. Влезот е слободен за сите љубители на музиката и танцот, како подарок од фестивалот за граѓаните на Струга. Стојан Стојанов (14г.) е од Струмица, потекнува од семејство во кое скоро сите свират на неколку инструменти, свири веќе 6 години гитара и од есен