ВМРО-ДПМНЕ тоа што го ветува, тоа го исполнува. Во завршна фаза е изградбата на експресниот пат Велес-Штип до Кадрифаково во должина од 25,9 километри. Останато е поставувањето на сигнално сигурносни уреди на двата железнички премини и во скоро време граѓаните од источна Македонија ќе имаат современо патно поврзување со коридорот 10, истакна Бојан Стојаноски на денешната прес конференција.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период активно и посветено работеше на подобрување на сообраќајната инфраструктура во државата, отпочнувајќи да изготвува проекти и конечно да започне со реализација на патни решенија кои со децении во државата биле запоставувани и за кои некои претходни влади не изготвиле ниту проектна документација.
Освен финализацијата на експресниот пат од Велес до Кадрифаково во наредниот период се очекува отпочнување на неколку други експресни сообраќајници. Во наредните месеци треба да почне изградбата на експресниот пат од Штип до Кочани кој ќе се реализира во две фази од Штип до Крупиште и втора фаза од Крупиште до Кочани со вкупна должина од 28 километри.
Дополнително во текот на оваа 2017-та година се очекува отпочнување на реализација на 3 други експресни делници, за кои тендерската постапка е во тек или се чека одобрување.
Во 2017-та година се очекува отпочнување на градба на експресен пат Штип–Радовиш во должина од 40 километри, експресен пат Ранковци-Крива Паланка во должина од 12,5 километри и фазна изградба на експресен пат од Градско преку Росоман до Дреново во должина од 33,5 километри.
Со финализација само на овие делници во Македонија сообраќајната мрежа ќе биде подобрена за 140 километри експресни патишта, кои ќе придонесат за побрз и побезбеден сообраќај, подобрена стопанска комуникација и поголем локален развој.
ВМРО-ДПМНЕ реализира дела. Тоа граѓаните можат да го видат, бидејќи делата се реални и користени од страна на секој во Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи и во иднина да работи за подбра сообраќајна инфраструктура која ќе значи не само подобра комуникација, туку поголема шанса за економски прогрес.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период активно и посветено работеше на подобрување на сообраќајната инфраструктура во државата, отпо