Стојаноски: СЈО покажува дека е партиска канцеларија на СДС

СЈО досега безброј пати докажа дека е продолжена рака на СДС, изјави денес Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.-Нивната тенденциозна и политички мотивирана активност само покажува дека се партиска канцеларија на СДС која работи по диктатот на Зоран Заев. Патем сето тоа граѓаните скапо го плаќаат со свои пари. Со тие пари се покриваат вработувањата на Берниса Рахиќ, ќерката на Есад Рахиќ поранешен функционер на СДС, Катерина Рамбабова, ќерка на кандидат за пратеник од редовите на СДС, Миле Трајковски, советник од редовите на СДСМ во Советот на Општина Крива Паланка, Борче Трајковски познат во јавноста како Боки Бургија познат поддржувач на политиките на СДС, Ѓорѓи Камчев кој според објавените информации, активно учествувал во протестите во организација на Шарената револуција и уште десетина други активисти на СДС или нивни деца. Најсрамно од се беше ангажирањето на внукот на Катица Јанева, Ѓорге Делиџаков, истакна Стојаноски.
Тој додава дека сега СЈО бесрамно отвора нов оглас за вработување на нови 30 лица. Ова, вели Стојаноски, значи дека СЈО и со новиот оглас планира да продолжи со практиката да вдомува партиски војници на СДС и да ги плаќа со народни пари нивните астрономски плати и хонорари.
-Во изминатите години потрошија над 4 милиони евра, за своите политички инспирирани активности. Сите акции што СЈО ги превземаше и ги превзема се со цел за оцрнување на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, и истовремено задоволување на мегаломанските потреби на членството на сдс или подржувачите на оваа партија. Реални се основите на сомнение дека со овој нов оглас Катица Јанева ќе вдоми уште некој свој внук или роднина или пак ќе вработи уште членови на СДС, нивни деца, внуци, роднини, на сметка на народот или пак можеби по урнек на Владата на Заев ќе ангажира комичари, новинари, твитерџии и други учесници на шарената револуција?, вели Стојаноски.
Според него расипништвото и користењето на народните пари за лични и непотистички потреби на СДС се повеќе се видливи и во СЈО, и тоа не е никакво изненадување бидејчи тие во суштина се едно исто тело.
-СЈО не работи ниту професионално, ниту неселективно, туку претпочита партиска работа, политички активизам и роднински непотизам. СЈО како партиска канцеларија на СДС може да ангажира уште 300 лица, но тоа нема да им помогне во нивните конструирани случаи насочени против ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи ние ниту вина имаме ниту криминал сме направиле. Единствено е вистина дека сјо со парите на народот ќе продолжи да си задоволува партиски или непотистички страсти и потреби, заклучува Стојаноски.-Нивната тенденциозна и политички мотивирана активност само покажува дека се партиска канцеларија на СДС која работи по диктатот на Зоран Заев. Пат

Пронајдете не на следниве мрежи: