24 годишниот штипјанец Иван Стојанов, кој веќе четири години не може да оди, бара помош од хуманите луѓе. Можност повторно да зачекори му нуди кинеска болница со третман на матични клетки. Од остварувањето на сонот го делат 26 илјади евра. Толку ќе го чини патот и операцијата во Центарот за матични клетки „Ву“ од Пекинг.-Третманот е три недели, а во тој третман има 4 вбризгувања на матични клетики. Со тој третман ми гарантираат дека можам да имам добар напредок, да застанам на свој нозе да започнам да одам барем с со помагала- изјави Иван Стојанов
Иван е неподвижен откако при операција на циста во вратот му биле уништени голем број од нервите. Состојбата со помош на физикална терапија му е подобрена, но се уште целосно зависи од грижата на неговата мајка.
-Надежта е голема бидејќи моментално третманот со матични клетки е едно од врвните достигнувања- изјави Стојанов
Татко му работи каде ќе го повикаат, а неговата мајка постојано се грижи за него поради што иако е вработена не може да оди на работа. Единствен сигурен приход им е надоместот за туѓа нега во висина од 4500 денари. Иван се надева дека хуманите луѓе ќе му овозможат втора шанса да излезе надвор од четирите ѕида и да чекори низ животот.
Извор: Сител-Третманот е три недели, а во тој третман има 4 вбризгувања на матични клетики. Со тој третман ми гарантираат дека можам да имам добар напредок, да