Стојановски: Носејќи платформа после избори, албанскиот политички фактор му постави уцена на системот на својата држава

Народе Македонски, со какви идеи си ти? Браќа Македонци, сограѓани Албанци, Турци, Власи, Роми, муслимани, христијани, каде е обединувањето? Каде е взаемната желба за заедничка иднина во Македонија, каде е таа љубов за татковината во која се колнеме и каде тоа ние заедно ќе се движиме ако постојано се повлекуваме и поклонуваме пред претензиите да се изрелативизира културниот и историски придонес на Македонецот во создавањето на Македонската држава, запраша денеска актерот Горан Стојановски попознат како Џемо Биљбиљ, кој се обрати на денешниот протест пред Собранието на РМ.-Со какви идеи, воспева заедничка иднина албанскиот фактор, ако во едни од најпотресните политички времиња за Републикава, тактички и тенденциозно им постави сопка на македонските партии, разјадувајќи не сите меѓусебно?! Носејќи платформа после избори, албанскиот политички фактор му постави уцена на системот на својата држава, за која сонува европска прогресивна иднина и правда за своите сограѓани; услов, кој никако не е во духот на заложбата дека сите сакаме да стоиме под исто знаме, под исто сонце, под исти грб! Познато нели? Слична тактика со онаа од 2001. Тие што сакаат сојуз, тие што бараат единство со своите сограѓани, не мислат ние и вие; платформите си ги пишуваат дома, заедно со политичкиот фактор во својата земја! Не во Тирана. И ако се извлекуваат со тоа дека нивните изборни кампањи ја содржат платформата, камо да ги чувме на македонски јазик? Или си се обраќаат само на својот табор? Камо од нив одговорност пред сограѓаните кои не го зборуваат албанскиот јазик, а го зборуваат официјалниот јазик на Република Македонија- македонскиот. Што ако и тие сакаат да бидат навремено информирани за намерите на Албанците? Што ако некој од тие што го говорат само официјалниот јазик на државата, сака да ги гласа?
Што ќе им кажете за јазикот, запраша Стојановски, на Македонците во Струга, кои не можат да се информираат за содржините од официјалната страна на Општината, затоа што е на албански?
-Ни за седници, ни за расправи, ни за огласи, ни за тендери, ни за дупови… ништо. Зарем утре на избори, очекуваат да гласат за опција што ќе им донесе нова 2006-та? А и за знамето, како да се чувствуваат Македонците во Струга, во однос на оваа закана потпишана во Тирана, кога им требаа години после 2006тата да го вратат Македонското знаме, официјалното знаме на Република Македонија? Ова знаме. Сте се прашале ли како се чувствувале тие 45% население, под закрилата единствено на знамето на Албанија, а во своја татковина? Ќе им се извините ли? А ќе му се извините ли на буџетот на вашата татковина, Република Македонија, за неиздадените фискални сметки и избегнувањето данок? За двојните аршини во кои законите за едни важат а за други не? Оти сакаат да добијат извинување за геноцид, се прашувам дали ќе се извинат за Балистите кои им ги кинеа ушите на нашите прабаби во пленот на злато? Ќе се извините ли и вие, креаторите на платформата, ој другари Албанци, за киднапирањето деца, грабежот на стада, обесчестувањето на жените кои оставени сами го чуваа огништето, додека мажите им печалеле и гинеле во војни? Ќе се оградите ли од балистите, вашите прадедовци, кои ги убиваанаши дедовци…За присилниот етноцид за напуштање на домовите, на Реканци, Галичанци, Дримколци… Ќе и се извините ли на Неда, за маж и, за син и Кузмана- Сердарот. Тие ли ковчези сеќавања да ги отвораме?
Македонците  во оваа земја, додаде Стојановски, покажаа големи капацитети за соживот, соработуваа во интеграцијата на сите заедници, правеа отстапки во име на соживотот, стануваа партнери, соработници, подаваа рака, не дека имаат кратко паметење.
-Браќа, сестри, од сите заедници што живеат на ова прекрасно и дарежливо парче земја, зарем со чепкање во рани сакаме да градиме мир, просперитет, единствени и солидарни вредности. До кога ќе ни се повторува историјата? Нема соживот, ако ги разбудиме тие приказни, историјата памети, генот памети, стеблото родно памети. Нема да помине обид за разнебитување на Македонија. Ќе се изгубат сите идеи за соживот ако во Државата Република Македонија, не владее духот на почитување на државните темели, нема соживот ако официјалниот јазик на Република Македонија било кому на ова парче земја му биде туѓ јазик. Како ќе се разбираме, што ќе не обедини? Како ќе сме единствени ако некои застануваат под знамето на соседна држава и не го признаваат знамето на татковината за која се маваат по гради. Или сепак, се работи за различни визии за татковината? Не сонуваме сите за една единствена, унитарна.
Стојановски се обрати и до пратениците:
-Пратеници на Република Македонија, претставници на граѓаните: народот сака мир, народот сака соживот, народот сака да може да си погледне во очи после исходот од оваа криза. Народот сака да се надева на подобро утре, на перспективна татковина во која сите граѓани ќе бидат задоволни. Дијалогот е цивилизациска придобивка, транспарентен отворен дијалог на очиглед на сите граѓани – потребна е доблест од сите политички лидери, да се отстапи, да се заборави платформата, да се отворат сите идеи на маса и ако веќе треба било кој од нас да прифаќа некаква платформа, нека биде таа платформа креација на сите политички фактори во државава, и нека ги одразува идеи на сите граѓани за среќно и напредно општество. Се друго е создавање непријателски табори. Се друго е закана. А луѓето само сакаат мир.-Со какви идеи, воспева заедничка иднина албанскиот фактор, ако во едни од најпотресните политички времиња за Републикава, тактички и тенденциозно

Пронајдете не на следниве мрежи: