Како универзитетски професор и воен историчар сакам јавно да изразам осуда за обидите да се манипулира со историјата како наука базирана врз факти, во овие оособено чувствителни и тешки моменти од кои зависи иднината на Република Македонија и иднината на граѓаните, истакна во интервјуто за ТВ НОВА, универзитетскиот професор и историчар Александар Стојчев.-Како граѓанин на суверена и независна Република Македонија сакам јавно да ги осудам странските мешања и притисоци кои се прават врз Република Македонија, по усвојување на т.н заедничка платформа на алабнските партии, диктирана во официјална Тирана и Приштина во која во точка 1 и став 4 се бара усвојување на резолуција во Собрание на Република Македонија во која се одудува геноцид врз Албанскиот народ од 1912 до 1956 година. За да се донесе било каков документ што третира прашања од историјата, таков документ мора да биде базиран врз историските факти, односно артефакти, истакна Стојчев.
Додаде дека за геноцидот врз албанскиот народ во Македонија во посочениот период, нема историски факти и нема докази во науката дека такво дело е извршено.
„Доколку некој тврди дека се случило мора да го докаже врз методолошка постапка во историската наука и механизмите на меѓународното право кои јасно го дефинираат геноцидот како едно од најтешките злосторства против човештвото“, истакна Стојчев.-Како граѓанин на суверена и независна Република Македонија сакам јавно да ги осудам странските мешања и притисоци кои се прават врз Република Маке