Во духот на празничната магија и во желбата да се споделат моменти во овој период кога сите се чувствуваат понесени од емоции, Стопанска банка АД – Скопје ја продолжува својата заложба да биде поврзана со заедницата во која опстојува и да придонесува кон создавање дух на солидарност, поддршка и заедништво.Денес во неколку општини, македонската поп икона Калиопи, долгогодишен пријател и заштитно лице на Стопанска банка, заедно со претставници од Управниот одбор на банката се дружеа со децата од неколку скопски градинки и им подарија играчки, сликовници и разни дидактички материјали за повесела и повозбудлива Нова година.
„Дарувањето е дел од нашата институционална определба и како банка веруваме дека она што го подаруваме со емоции и искреност, се препознава со љубов. Нашата замисла беше да ги поддржиме, охрабриме и инспирираме децата, укажувајќи им на тоа колку споделувањето е важно и дека кругот на дарувањето никогаш не треба да се затвора, “ – изјави Милица Чапаровска – Јовановска, Генерален Директор за банкарство на мало и член на Управен одбор на Стопанска банка.
Во градинките децата се дружеа со Калиопи, се радуваа на подароците и заедно ја пееја песната која таа ја компонираше токму за нив „Чуда, чуда мали“, и во таа прилика секое детенце доби потпишано ЦД. „Јас сум човек што ги сака луѓето, но највеќе од сé сакам деца. Децата за мене се мали волшебства кои го облагородуваат животот, а јас сакам да го живеам својот токму така, верувајќи во чуда. Се надевам дека песната која е креирана и компонирана токму за нив ќе им донесе радост и ќе ја подигне атмосферата за Новогодишните празници кај секое од нив“ – изјави Калиопи.
Изминативе месеци Стопанска банка ја иницираше и големата хуманитарна акција „Подари насмевка“, во која беа собрани неверојатни 1.000.000 насмевки и беше реализирана вредна донација на софистицирана опрема во детските здравствени установи низ Македонија.
Во континуитет на грижата и вниманието кон најмалите, денес во заедничко дружење на Стопанска банка и Калиопи со децата, кое ќе продолжи и во јануари непосредно беа дарувани неизмерно многу насмевки, исполнети со среќа и радост.Денес во неколку општини, македонската поп икона Калиопи, долгогодишен пријател и заштитно лице на Стопанска банка, заедно со претставници од Управ