Стопанската комора на Македонија и НБРМ потпишаа меморандум за соработка

Стопанската комора на Македонија и Народната банка на Република Македонија потпишаа меморандум за соработка во областа на унапредување на финансиската едукација.Едукативните активности претставуваат клучен дел од работењето на Комората за унапредување на пазарното стопанство, претприемаштвото и поттикнување на конкурентноста кај нејзините членови. Овие активности, конкретно, се остваруваат преку организирање и поттикнување соодветни облици за постојано функционално образование и иновации во знаењата на раководните кадри, како и на другите стручни кадри и професионална надградба на стекнатите знаења преку организирање стручно оспособување. Едукативните активности на Проектот за финансиска едукација на Народната банка којшто опфаќа: интерактивни предавања, семинари и работилници, национални и меѓународни конференции, посети на Банката, објави и публикување едукативни материјали за различни целни групи и возрасти, остварување билатерална соработка со институции и организации, се наменети за зголемување на финансиската писменост кај населението во државата.
Потпишувањето на меморандумот за соработка помеѓу Комората и Народната банка е со цел да се подигне финансиската свест кај населението во земјата, да се подобри финансиската писменост кај младото и возрасното население и тоа да се стекне со соодветни вештини и знаења коишто ќе му овозможат да донесува рационални и ефективни одлуки при управувањето со парите и финансиските услуги и производи.
Потпишувањето на овој меморандум претставува уште еден чекор напред во унапредувањето на долгогодишната успешна институционална соработка меѓу  Комората и Народната банка. Улогата на Комората е преку здруженијата во рамките на Комората да ја информира и да ја поттикнува бизнис-заедницата да даде поддршка за спроведување проекти во полето на финансиската едукација, согласно со нивните можности и интереси. Со тоа, Комората активно се вклучува во постојниот Проект за финансиска едукација на Народната банка.
Истовремено, Народната банка ги поддржува проектите за финансиска едукација на Комората (преку Центарот за едукација во рамки на Комората и Бизнис-центарот за тренинг и обука) за спроведување едукативни активности, како што се: одржување предавања, семинари, работилници, тркалезни маси, конференции, интерни обуки и други настани, организирање промотивни едукативни настани, публикување едукативни материјали, летоци, брошури и други активности од областа на финансиска едукација, коишто се од заемен интерес за двете институции, како и за сите субјекти коишто се вклучени во наведените проекти.Едукативните активности претставуваат клучен дел од работењето на Комората за унапредување на пазарното стопанство, претприемаштвото и поттикнување

Пронајдете не на следниве мрежи: