Штробеле: Згрешивме што ја бомбардиравме Србија во 1999 година

Германија учествуваше во бомбардирањето на Србија и ја призна независноста на Косово и со тоа го прекрши меѓународното право – вели претставникот на Зелените, Ханс Кристијан Штробеле.Западот последен треба да му држи лекции на Владимир Путин за меѓународното право и чувањето на територијалниот интегритет, вели Штробеле.
Тој во емисијата Unter den Linden, призна дека го поддржувал бомбардирањето на Србија и одвојувањето на Косово, но дека направил огромна грешка.
„Многумина тогаш го поддржаа тој чин. Но, во меѓувреме ја признаа грешката, бидејќи сите заедно не го почитувавме територијалниот интегритет на Србија. Ние сами го прекршивме меѓународното право. Ако денес тоа го признава Герхард Шредер, дали ни е потребен подобар сведок од тогашниот сојузен канцелар?“, запраша Штробеле.
„Да, точно е дека се случи прогон и многу останати злосторства над Албанците. Но, тие злосторства се случија по нашето бомбардирање на Белград, на целата земја. Ние ја бомбардиравме ТВ станицата, НАТО ги бомбардираше возовите и мостовите што беа полни со недолжни цивили. Тоа ги потсети Србите на Втората светска војна“, додаде Штробеле.
„Кога господин Обама или канцеларката Меркел му кажуваат на Путин: ‘Не смеете да влезете во туѓа земја и да се мешате во нејзините односи’, Путин тогаш може да се насмевне и да ги праша дали се шегуваат и да додаде: Што правевте на Косово? Што направивте и во Ирак? Во Либија, во Авганистан?“, продолжи Штробеле.
На крајот од интервјуто додаде дека по завршувањето на војната, заедно со Милошевиќ  и Русија, тие потпишале договор за стационирање на НАТО трупите на Косово и дека во договорот стои истата ставка како и во договорот со Украина – дека ќе се заштити територијалниот интегритет на државата.
Тој исто така потсети дека девет години подоцна, кога воопшто не изби никаква друга ситуација за вршење на геноцид врз населението, НАТО трупите и понатаму биле на територијата на Косово, аплаудирајќи кога ја прогласи својата независност.Западот последен треба да му држи лекции на Владимир Путин за меѓународното право и чувањето на територијалниот интегритет, вели Штробеле.

Пронајдете не на следниве мрежи: