Сторија на National Geografic: Утврдено како загинал Борис Трајковски

Утврдено како загинал Борис Трајковски…Поединци и институции, пропусти во работата имало кај сите. По 18 месечна работа тимот на Кулиќ стави точка на извештајот. Истрагата е завршена, анализите се спроведени.
Фактите најдоцна до крајот на Јули ќе бидат на масата пред властите во Скопје и Сараево. По нивниот одговор и јавноста ќе дознае како се сруши претседателскиот кингер.
„Мораме сега да добиеме одредени мислења на властите во Македонија и БиХ за она какво е нивното мислење за она што го направивме, тоа за нас не е обврзувачко но можеме да го уважиме, а после тој конечен извештај ние мора да им го доставиме на јавните обвинителство односно на владите на БиХ и Македонија, и во тој момент сме го завршиле обврзувачкиот дел и ќе можеме да кажеме во јавност што се случило.“ – вели за Сител, главниот ситражител, Омер Кулиќ

 
Од теории на заговор, до постапките кои морале да ги почитуваат државните институции, пилотите и службите за следење на авионот. Анализи и компаративни споредби, сето ова го продолжило составувањето на пишаниот извештај.
„Навлеговме во насјитните детали во секој проблем. Имало пропусти и од поединци и од надлежни работи но на јавноста ќе и го прикажеме целосниот извештај кога ќе заврши комплетната постапка“ – вели Кулиќ
Како загина македонскиот претседател ќе слушне и светската јавност. Реконструкција базирана на извештајот на Кулиќ ке прави и глобалната мрежа National Geografic.
Меѓународниот тим истражители тврди дека по ова нема да има дилеми како загина македонскиот претседател.Поединци и институции, пропусти во работата имало кај сите. По 18 месечна работа тимот на Кулиќ стави точка на извештајот. Истрагата е завршена, ан

Пронајдете не на следниве мрежи: