Стотици читатели ја зграбија „Годините кога научив да летам“ на Евгениј Хоуп за време на промоцијата во Куманово

По успешната промоција во Скопје, Евгениј Хоуп имаше отворена промоција во својот роден град, Куманово. Стотици луѓе се појавија на промоцијата и во неколку кратки часа сите достапни копии беа распродадени и потпишани од писателот и авантурист.За време на промоцијата Евгениј Хоуп ги сподели и своите авантурите со присутните. Тој има поминато 30.000 километри автостоп низ Европа и настаните, чувствата кои ги има доживеано за време на своите патувања се симбол и инспирација за неговата книга насловена „Годините кога научив да летам“. Поради големиот интерес за неговото авантуристичко филозофско дело во четврток, 29.06.2017, во 19.00 часот во Матица Ексклузив ќе биде одржана уште една промоција на „Годините кога научив да летам“.
Читателите на Евгениј Хоуп се дружеа со писателот кој ги потпишуваше нивните копии на „Годините кога научив да летам“ во кафе бар Министерство во Куманово, место познато по културните настани и забавната атмосфера.
Спознајте се себеси и преку авантурите во „Годините кога научив да летам“ во сите продажни места на Матица. Најдете го талкачот, трагачот, номадот и авантуристот во себе!
КНИГА ВО СЕКОЈ ДОМ
читај, патувај, откривај, истражувај…За време на промоцијата Евгениј Хоуп ги сподели и своите авантурите со присутните. Тој има поминато 30.000 километри автостоп низ Европа

Пронајдете не на следниве мрежи: