Додека Владата молчи, кружат информации дека фирмата во која што управите е братот на вицепремиерот Кочо Анѓушев, ќе има профит од неколку стотици илјади евра секоја година. Според сознанијата, треба да се инвестира во ХЕЦ Тополка околу 2 милиони евра.Владата на СДСМ спротивно на закон во изборен период извршила пренамена на земјиште со цел да им овозможат на фирмите на вицепремиерот Кочо Анѓушев да градат. Ова е нова скандалозна зделка за нови милиони на Анѓушеви. Ова е нов случај на богатење на грбот на граѓаните, обвинија вчера од ВМРО-ДПМНЕ, откако претходно во јавноста излегоа информации дека Анѓушев и Заев криминално пренамениле земјоделско земјиште за Анѓушеви да градат хидроцентрали.
Владата на седница на 29-ти август донесе одлука за пренамена на земјоделско земјиште во градежно земјиште на локација Велес, поточно катастарска општина Чашка. Со ова, земјиштето кое е во сопственост на Анѓушеви од земјоделско станало градежно и на тој начин вредноста му е покачена за најмалку десет пати. Едноставно кажано колегите на Анѓушев во Владата го почастиле со зголемување на неговиот имот за десет пати само со една одлука, само со еден потпис.
Додека Владата молчи, кружат информации дека фирмата во која што управите е братот на вицепремиерот Анѓушев, ќе има профит од неколку стотици илјади евра секоја година. Според сознанијата, треба да се инвестира во ХЕЦ Тополка околу 2 милиони евра. На оваа локација му се овозможува на Анѓушев, поточно на фирмите Energy delivery solutions и Hidro holding односно Мали Хидроелектрани Тополки ДОО да градат хидро електрична централа со придружни објекти. Овие фирми се управувани од братот на Кочо Анѓушев, Тодор Анѓушев.
-Овој скандал е огромен. Ова е сериозен сомнеж за злоупотреба на позицијата за богатење. Прво, Владата го чести својот министер со зголемување на вредноста на имотот за најмалку десет пати.Второ, се овозможува неговиот брат на досега земјоделско земјиште да гради хидро електрична централа и на тој начин да го зголемува својот бизнис и своето богатство. Ова неодоливо потсетува на струмичката шема која ја воведе Заев кога овозможуваше бизниси на семејните фирми. Трето, целата одлука на владата е крајно сомнителна и нелегална бидејќи оваа одлука за покачување на вредноста на земјиштето е направена 23 дена откако беа распишани изборите и откако владата практично е ограничена и не смее да носи вакви одлуки, изјавија вчера од ВМРО-ДПМНЕ.
Владата станува бизнис картел: Заев со поддршка за Анѓушев да го зголеми капиталот од 23 на 30 милиони евра
Премиерот Зоран Заев му дава поддршка на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, капиталот на својата компанија „Фероинвест“ да го зголеми од 23 на 30 милиони евра.
-Не можеме да очекуваме дека деловните луѓе предложени од Коморите, како што е господинот Анѓушев, дека ќе ги пушти да пропаднат компаниите. Да, може тој е сопственик, но тоа е македонска компанија, која што дава плата овде и праќа даноци. Нивните амбиции колку што знам јас, како што ја видов таа компанија, од 23 милиони евра се во во наредниот период да стигнат до 30 милиони евра, изјави Заев.
Владата на СДСМ спротивно на закон во изборен период извршила пренамена на земјиште со цел да им овозможат на фирмите на вицепремиерот Кочо Анѓушев