Стотици илјади вработени и ангажирани лица од АрцелорМиттал корпоративно го одбележаа Светскиот ден на безбедноста и здравјето при работа, со заложба да продолжи да се намалува стапката на повреди

Повеќе од 200.000 вработени и ангажирани лица од АрцелорМиттал вчера го одбележаа Светскиот ден на безбедноста и здравјето при работа, со голем број настани кои се фокусирани на темата „Запри, размисли и дејствувај безбедно – во практика“.Светскиот ден на безбедноста и здравјето при работа се одбележа осма година по ред и претставува еден од најважните датуми во календарот на компанијата, фокусирајќи се на здравјето и безбедноста на работното место, што е приоритет број еден во АрцелорМиттал.
АрцелорМиттал ЦРМ Скопје во периодот од 27 април до 30 април се вклучија во различни активности, како: спортски натпревари (фудбал, пинг-понг и куглање), качување на планината Китка, натпревари за безбедност преку игри и предавања на теми за безбедност. Покрај тие активности, ќе се организираат и голем број обуки за вработените за прва помош, предавања на Клиниката за онкологија, ќе биде спроведена крводарителска акција и акција за итна евакуација од страна АрцелорМиттал и Дирекцијата за спасување. Компанијата ќе ги награди најдобрата идеја за безбедност, најдобра линија за безбедност и здравје, најдобриот фудбалски тим, најдобриот пингпонгар и најдобриот тим за куглање.

Обраќајки им се на вработените и на ангажираните лица, Лакшми Н. Митал, претседателот и извршен директор на АрцелорМиттал, рече:
„Кога ги анализираме несреќите што се случиле, гледаме дека речиси 60% од нив им се случиле на ангажираните лица кај нас, а 40% се случиле кај нашите вработени. Бидејќи некои несреќи се повторуваат, во иднина, во делот на оперативните унапредувања, ние ќе работиме на однесувањето, културата, ангажманот и учеството на сите наши вработени за тие да посветат поголемо внимание при работењето и да бидат повнимателни еден со друг. Ние, навистина, сакаме сите вработени во компанијата, како и ангажираните лица, на крајот на денот да си отидат дома безбедни.“
Обраќајќи се до Синдикатот на вработените, Јуан Педро химене Наваро, извршниот директор на АрцелорМиттал во Скопје, порача:
„Да се биде дел од АрцелорМиттал – Скопје значи нашиот врвен приоритет во работата и во животот да бидат здравјето и безбедноста. Затоа нашиот предизвик е да бидеме најбезбедната компанија од челичната индустрија во светот. Токму поради тоа, секој од нас има право, но истовремено и одговорност, на добро здравје и на безбедност“.Светскиот ден на безбедноста и здравјето при работа се одбележа осма година по ред и претставува еден од најважните датуми во календарот на компани

Пронајдете не на следниве мрежи: