Аферата Платеничка револуција на СДСМ добива уште поголеми размери. Стотици лица инкасирале различни суми на пари од чадорот на невладини организации на СДСМ, а за возрат тие се најгласните и дежурни протестанти и критикувачи на власта. Ова го покажуваат истражувањата на Нетпрес, за кои што пишуваa во текот на изминатите денови.Аферата Платеничка револуција на СДСМ добива уште поголеми размери. Стотици лица инкасирале различни суми на пари од чадорот на невладини организации на СДСМ, а за возрат тие се најгласните и дежурни протестанти и критикувачи на власта. Ова го покажуваат истражувањата на Нетпрес, за кои што пишуваа во текот на изминатите денови.
Досега никој од нив не демантираше со аргументи. Од неколку илјади денари, па до неколку милиони. Соросовата мрежа не жалела пари во целта за рушење на демократска избрана власт. Токму таквата пирамида отвора сомнежи за брутална и отворена корупција, како и фингирање на целеден граѓански сектор кој содржи освен бизнис и дебели политички причини.
Навидум емотивните приказни, навредите, заканите за паѓање на жртви на протестите на шарената револуција се само театар кој е прескапо платен.
На платните списоци е и Сашо Ордановски кој предничи во нападите на власта. Додека тој збори за потребата за демократија тој оваа година си го збогатил џебот со 211.741 денари од ФОРУМ ЦСИД, а пари земал и од организацијата ЦИВИЛ. Во 2014-та година инкасирал пари и од Транспарентност Македонија и тоа дополнителни 126 илјади денари.
Жената за која македонскиот народ е глупав, и која искажуваше навреди кон македонските бранители во куманово, Мирјана Најчевска, своите услуги ги наплатувала преку соросовата ФОРУМ ЦСИД од каде инкасирала 55 илјади денари, а пари минатата година земала и од Македонското здружение на млади правници.
Пари од по 7.083 денари земал и Петрит Сарачини кој е постојано присутен на иницијативите на Протестирам, но и ќе остане запаметен по физичкиот атак врз новинар.
Освен Љубомир Фрчковски, неговата керка Лени и синот Јон, пари земала и неговата поранешна демонстраторка Ана Чупеска од Правниот факултет. Таа од Македонскиот центар за европско образование земала 13.330 денари. А на списокот на Македонското здружение на млади правници со хонорар се стекнала и уставниот судија Наташа Габер која беше именувана на предлог на Бранко Црвенковски.
Мартина Смилевска која е прв човек на соросвото македонско здружение на млади правници за 2014-та година инкасирала 528.000 денари, а во 2015-та дополнителни 1.056.195 денари. Додека Зоран Дранговски од истата оваа организација заработел 432 илјади денари во 2014-та а наредната година дополнителни 558 905 денари.
Од навидум непрофитната организација Младински образовен центар, Александра Груевска заработила 383.208 денари во 2014-та година, а наредната дополнителни 584.044 денари. Дона Костуранова од истата оваа организација која е најгласна во протестите на улиците заработила за две години 1.256.221 денар. За истиот овој период од МОФ Сандра Атанасова зработила 1 милион денари.
Дека сумите се фрапанти кои ги добиваат овие пара организации покажуваат приходите регистирани во Соросовата НВО Инфо центар. Билјана Бејкова од оваа организации за 2014-та и 2015-та година заработила 1.661.126 денари, а вистински рекордер по инкасирани средства кои се дел од аферата платеничка револуција е и програмскиот координатор на СОРОС Неда Коруновска која заработила за последните две фискални години 1.709.200 денари.
Дел од аферата платеничка револуција е и професорот Гордан Калајџиев, кој фрлаше со боја врз објектите кои беа мета на шарената револуција и кој пред неколку дена отворено се закануваше дека ако треба ќе паднат и жртви. Во позадина на ова, неговиот активизам си го наплаќа од повеќе соросови невладини организации.
Така во 2014-та година во повеќе наврати инкасирал по 9.252 денари од Транспарентост Македонија, како и дополнителни 13 илјади денари од ФОРУМ ЦСИД. Во 2015-та година инкасирал хонорари од по 10.870 денари
Веќе вчера објавивме дека Уранија Пировска од различни организации за само две години инкасирала близу 3 милиони денари, а со хонрарод по 4 илјади денари се обезбедила и нејзината ќерка Бебековска Ања од ЦИВИЛ која беше дел од пленумите кои беа актуелни.
Стевчо Биновски кој е син на претседателот на основниот суд Прилеп и моментално вработен во основното јавно обвинителство во Прилеп, си инкасирал само преку соросовата цивил нешто над 1.000 евра, како и други средства преку ПАКТИС Центарот за стартегии и развој.
Аферата Платеничка револуција на СДСМ добива уште поголеми размери. Стотици лица инкасирале различни суми на пари од чадорот на невладини организац