Стотина проститутки излегоа на марш во Скопје : „Легализирајте ја нашата работа“

Со црвени чадори, стотина проститутки заедно со активисти за човекови права, вчера тивко чекореле низ центарот на Скопје.Околу стотина македонски проститутки марширале вчера во Скопје во знак на протест против дискриминацијата, барајќи нивната работа да се прогласи за легална.
Со црвени чадори во своите раце – глобалниот симбол за борбата на правата на проститутките, стотина проститутки заедно со активисти за човекови права, тивко чекореле низ центарот на Скопје.
“Повикуваме на почитување на правата на проститутките и подобрување на условите за работа”, изјавил Борче Божинов, претставник на локална невладина организација која повикала на протест.
Проституцијата е нелегална во нашата традиционална и конзервативна земја, а проститутките се чести жртви на насилство кое во главно останува неказнето.
Насобраните барале усвојување на нови закони со кои проституцијата би се прогласила за легална и кои би им овозможиле социјална сигурност на проститутките.
Првиот обид за легализација на проституцијата во нашата земја заврши неуспешно во 2000. година.Околу стотина македонски проститутки марширале вчера во Скопје во знак на протест против дискриминацијата, барајќи нивната работа да се прогласи за

Пронајдете не на следниве мрежи: