ШТОТУКУ ОТКРИЕНО: Лубиц пребарувал информации за пад на авиони!

Кога Андреас Лубиц, копилотот кој во француските Алпи го урна авионот на „Џерманвингс“, пришто загинале 150 луѓе, во 2009 година побарал од Луфтханза да го вратат на работа и признал дека одморот му бил потребен зашто боледувал од депресија.Му било дозволено да се врати во кокпитот од авионот, но германската компанија ниту на било кој начин не ја контролирала неговата психолошка состојба, јави „Њујорк Тајмс“ кој објави нови детали од трагичниот настан.
Инспекторите потврдиле дека Лубиц во месеците пред несреќата посетил повеќе од десет различни докроти, барајќи помош за својата ментална состојба.
Луфтханза не знаела за тоа до тој степен, што шефовите на компанијата рекле дека бил „сто проценти подготвен за летање“.
Лубиц навистина ги поминал стандардните тестови со кои медицинскиот тим на Луфтханза му даде одобрение за летање. Но, истовремено од специјалистите кај кои одел, добил препораки да не влегува во кокпитот од авионот. Лубиц тие медицински мислења никогаш ги немал споделено со своите претпоставени.
Од она што беше утврдено при истрагата, јасно е дека Лубиц со денови пред кобниот лет внимателно го планирал уривањето на авинот. Тој истражувал методи за извршување самоубиство, како и кои се безбедносните процедури на кокпитот. Кога на 24. март, дента на уривањето на авионот, дошол на работа, во пребарувачот на неговиот Ајпад и понатаму биле отворени страниците со информациите за исчезнувањето на авионот на Малезија Ерлајнс, како и за уривањето на авионот на Мозамбик Ерлајнс во Намибија, каде што било утврдено дека пилотот намерно го урнал авионот и така се убил себеси и уште 32 лица.
Психичките проблеми на Лубиц не се некоја новост. Истражителите утврдиле дека со години одел на психотерапија, каде што покажувал дека има самоубиствени намери.
Но, и покрај тоа добил дозвола за летање.
„Да знаев порано за неговите проблеми со депресијата, веројатно немаше да го примам назад“, вели Рајнер В. Кемлер, поранешен главен психолог на Луфтханза.Му било дозволено да се врати во кокпитот од авионот, но германската компанија ниту на било кој начин не ја контролирала неговата психолошка состој

Пронајдете не на следниве мрежи: