Според научните проучувања, ова тропско овошје делува ефикасно и ги смирува симптомите на кашлањето, ја елиминира слузта, па дури и ги ублажува симптомите и кај пациентите со туберкулоза.Во еден случај, покажано е дека екстрактот од ананасот петпати побрзо го намалува количеството на слузта отколку сирупите од аптеките, а пациентите се опоравуваат скоро петпати побрзо.
Во друг случај, мешавината од сок од ананас, мед, лута пиперка и сол, помага да се елиминира слузта од белите дробови кај заболените од туберкулоза. Во целост, докажано е дека ананасот ги ублажива сите видови на кашлањето, посебно сувото кашлање.
Тоа потекнува од две негови супстанци. Ова овошје содржи бромелани, ензим што се бори против воспаленијата и помага при варењето на храна. Второ, ананасот содржи големо количество на манган кој помага при формирањето на сврзно ткиво и ја подобрува функционалноста на нервите. Комбинацијата од овие два фактора го ублажува кашлањето и ја отстранува слузта во белите дробови.
Освен тоа, ананасот е одличен извор на витамин С, а овој витамин има повеќекратно дејство: го зајакнува имунолошкиот систем и ги отстранува слободните радикали, што овозможува подобро функционирање на дишните патишта.
Освен делувањето против кашлањето, научниците утврдиле дека ананасот помага при ублажувањето на симптомите на артритисот, регулацијата на крвниот притисок, а има и одредени антиканцерогени својства.Во еден случај, покажано е дека екстрактот од ананасот петпати побрзо го намалува количеството на слузта отколку сирупите од аптеките, а пациентите



