Страдате од несоница?- Дознајте која е причината за тоа!

Американските истражувачи сметаат дека проблемот со несоницата може да биде последица не само на континуираниот стрес и прекумерниот замор туку и на недостигот на одредени витамини во организмот.Инсомнијата најчесто е последица на недоволното количество на витамините од групата Д (калфицерол) во организмот.
Со истражувањето на експертите од Северна Калифорнија во кое учествувале околу 1 500 доброволци кои страдаат од овој проблем било докажано дека нормализацијата на сонот е возможна со дополнителни количини на витаминот Д3 (холекалциферол). Токму тој е одговорен за нормално функционирање на рецепторите за сон во мозокот.
Познато е дека витаминот Д се образува под дејство на сончевите зраци, затоа најдобар природен начин да си помогнете е да создадете доволни резерви во организмот со редовно престојување на сонце, односно прошетки на свеж воздух. Исто така нутриционистите препорачуваат да јадете доволно печурки, масни видови на риба, жолчка од јајце и џигери.
За подобар и поквалитетен сон важен е и калциумот во организмот, покажало едно паралелно истражување.
 Х.Н.Инсомнијата најчесто е последица на недоволното количество на витамините од групата Д (калфицерол) во организмот.

Пронајдете не на следниве мрежи: