Штрахе: Пучот во Турција наликува на палењето на Рајхстагот во нацистичка Германија

Неуспешниот обид за преврат во Турција и последователните чистки спроведени од претседателот Реџеп Таип Ердоган во државните институции, потсетуваат на пожарот во Рајхстагот во нацистичка Германија и како потоа Хитлер тоа го употреби за да акумулира поголема моќ, изјави шефот на десничарската Австриска партија на слободата Хајнц-Кристијан Штрахе.Пожарот во зградата на германскиот парламент во 1933 година беше опишан од нацистите како комунистички заговор против владата и беше користен за намалување на граѓанските слободи и зајакнување на власта на Адолф Хитлер.
Хајнц-Кристијан Штрахе изјави дека гледа сличности со начинот на кој Ердоган го користи обидот за преврат на 15 јули за пресметка со противниците во армијата, државните служби, академската заедница и медиумите.
– Човек речиси добива впечаток дека тоа беше управуван пуч, кој на крајот ќе направи можна претседателска диктатура на Ердоган, вели Штрахе во интервју за весникот „Пресе“.Пожарот во зградата на германскиот парламент во 1933 година беше опишан од нацистите како комунистички заговор против владата и беше користен за на

Пронајдете не на следниве мрежи: