Штрајк на грчките новинари поради намалени плати и откази

Loading...

Грчките новинари стапија во штрајк незадоволни од намалените плати и од отказите, додека владата обвини за саботажа, поради поклопување на штрајкот со посетата на премиерот Андонис Самарас на Турција.

По обвинувањата за саботажа, синдикатите соопштија дека во штрајкот нема да бидат вклучени новинарите кои ја следат посетата на Самарас, но нивните извештаи ќе бидат емитувани по 17:00 часот по локално време.
Претходниот штрајк на новинарите се одржа пред неполн месец, на 19-ти февруари, за време на посетата на францускиот претседател Франсоа Оланд.
Тогаш владата, преку судот, успеа да воспостави работа во медиумите.
Макфакс
Грчките новинари стапија во штрајк незадоволни од намалените плати и од отказите, додека влада

loading...