Грчките новинари во државните медиуми и во поширокиот јавен сектор стапија во понеделникот изутрина во уште еден 24-часовен штрајк поради мерките на штедење.Од шест часот изутрината по локално време во штрајк стапија новинарите во државната телевизија ЕРТ, телевизискиот канал Парламент, новинската агенција АНА, генералниот секретаријат за информирање, како и во радио станиците „Атина 98,4 ФМ”, „Канал1 90,4 ФМ” и „Епикинониа ФМ”.Синдикатот на грчките новинари, кој го организира штрајкот, бара потпишување на колективни договори, прекин на отпуштањата во радиото и „Атина 98,4 ФМ” и заштита на независното работење на новинарите.
МакфаксГрчките новинари во државните медиуми и во поширокиот јавен сектор стапија во понеделникот изутрина во уште еден 24-часовен штрајк поради мер