Кен Саундерс (50) е странец во воз кој ѝ дал на една мајка топла порака со пофалба и пет фунти.Тој сакал да ѝ покаже на Семи Велш дека таа е добра мајка и да види насмевка на нејзиното лице. Семи Велш патувала од Бирмингам во Плимот со својот тригодишен син, кога од својата торба извлекла ливче со порака и пари.
Пораката гласела:
„Порачај пијалок на моја сметка, ти си пример на својата генерација, како може да се научи детето на манири и добро да се воспита.
П.С. имам ќерка на твои години, за која некој го сторил истото. Се надевам дека кога ќе има деца, ќе биде добра мајка како тебе“
Потписот бил едноставен: „Човекот во возот со очила и шешир“.
Велш рекла дека била многу трогната, и дека не знаела дека Кен ја гледа нејзината реакција.
„Искрено не можев да верувам, затоа што видов дека нешто испадна од мојата торба. Го подигнав ливчето и го погледнав човекот до себе и го прашав дали и тој го чита истото што и јас“, рекла Семи.
Семи му се заблагодарила на својот сопатник преку социјалните мрежи,и додала дека оваа порака имала големо влијание на нејзе.
„Само сакав да видам насмевка на твоето лице. Не можев да претпоставам дека толку ќе се израдуваш“, рекол Саундерс.
Тој го сфатил влијанието на неговиот чин дури откако ја ставил веста во Бринквортските весници.
Господинот Сандерсс рекол дека го воодушевила учтивоста на Семи додека си играла со својот син и додека му велела да ја прекрие устат со рака додека се проѕева. Го учела дека мора да каже „пардон“.
„Мислам дека тоа е прекрасно. Повеќето млади денес се невоспитани и помислив дека оваа жена е добар пример, прекрасна мајка и тоа е прекрасно“, додал Кен.Тој сакал да ѝ покаже на Семи Велш дека таа е добра мајка и да види насмевка на нејзиното лице. Семи Велш патувала од Бирмингам во Плимот со својот



