Странски разузнавачки служби го користат невладиниот сектор за ширење влијание

Во одделни случаи се регистрирани обиди за “иницирање” на внатрешни проблеми кон и во Бугарија но и обиди за реализација на странски државни доктрини кои ги оштетуваат бугарските национални интереси, посочуваат уште од бугарското контраразузнавање во дел од извештајот, кој е посветен на активностите на странски специјални служби против интересите на државата, пренесува Вечер.Странски специјални и разузнавачки служби ги користат невладини организации за формирање на влијание и за нивно дејствување во Бугарија. Ова стои во годишниот извештај на бугарската Државна агенција за национална сигурност “ДАНС”, пандан на македонската УБК, кој е официјално достапен за јавноста а го пренесе агенцијата “Бгнес”.
– Се зголемува користењето на субјекти од невладиниот сектор, како дел од применетиот комплексен алат за влијание и дејствување, пишува на страница 13-та од документот.
Во одделни случаи се регистрирани обиди за “иницирање” на внатрешни проблеми кон и во Бугарија, но и обиди за реализација на странски државни доктрини кои ги оштетуваат бугарските национални интереси”, посочуваат уште од бугарското контраразузнавање во дел од извештајот, кој е посветен на активностите на странски специјални служби против интересите на државата.
– Активноста на странските разузнавачки и безбедносни служи во текот на 2015 година кои се евидентирани и документирани во ДАНС покажуваат дека се во директна зависност од надворешно-политичките приоритети на засегнатите земји, како и со динамиката на геополитичките процеси на глобален план во регионите на Црно Море и Балканот, додаваат од Агенцијата.
Според документот, кој почнува со краток вовед на претседателот на ДАНС Димитар Георгиев, кој ја презеде Агенцијата минатата година, главните приоритети за 2016 година продолжуваат да бидат борбата против меѓународниот тероризам, екстремистичката и антидржавна активност, блокирање на работата и влијанието на странските разузнавачки и безбедносни служби и уништувањето на нивната мрежа и влијание преку невладиниот сектор.Слични информации во домашната јaвност, соопшти и претседателот Ѓорге Иванов, кој во неколку од своите обраќања изјави дека има информации кои се базираат на докази а кои покажуваат дека дел од невладиниот сектор се користи како алатка во специјалната војна која се води со месеци се води против нашата држава.
– Во Македонија се води Специјална војна како дел од стратегиите за предизвикување на тензии и воспоставување на постојани политички кризи со технички влади за неможност во справување со закани и доведување во положба на потчинетост, изјави Иванов.
Според информциите кои нашите безбедносни и разузнавачки агенции ги доставиле во неговиот кабинет, станува збор за поединци кои се долгогодишни членови на неколку невладини организации.
– Автентичниот невладин сектор кој со години кондтруктивно придонесува кон решавање на голем број проблеми во општеството да се дистанцира од оние групи и поединци кои протестираат само за да профитираат, порача Иванов.
Слични информации соопшти и српскиот премиер александар Вучиќ, кој најави дека нема да дозволи “македонско сценарио’ во Србија, алудирајќи токмју на овој проблем, влијанието на странскиот фактор во домашните невладини организации и спроведувањето на нивните агенди, геополитички и стратешки интереси.Странски специјални и разузнавачки служби ги користат невладини организации за формирање на влијание и за нивно дејствување во Бугарија. Ова стои в

Пронајдете не на следниве мрежи: