Странски служби поседуваат секс-снимки на српски министри со елитни проститутки

Српската полиција почнала опсежна истрага за елитна проституција во која учествувале многу познати личности во земјата од светот на естрадата. Според информациите на српски „Курир“, полицијата во текот на истрагата открила шокантни информации и докази дека порноснимки од познати српски девојки, пејачки, манекенки и водителки, како и одредени политичари, меѓу кои и министри се во рацете на странски безбедносни служби кои ги добиле преку два канала од Србија.
– На чело на елитните проститутки се две жени. Едната поранешна невенчана сопруга на еден од водачите на „Земунски клан“, додека другата е сопруга на познат бизнисмен. Тие две, според оперативни податоци, доставиле компромитирачки видеоматеријали на кои одредени политичари од минатите, но и од сегашната власт имаат сексуални односи со познати естрадни личности – вели изворот за весникот.
Освен овие две жени, на снимките се појавуваат популарна пејачка, нејзината сестра и успешна водителка.Според информациите на српски „Курир“, полицијата во текот на истрагата открила шокантни информации и докази дека порноснимки од познат

Пронајдете не на следниве мрежи: