Странските експерти сложни: Не е дозволено новинар да работи со тајната полиција, ако тоа го прави тоа не е новинар. Доколку има такви досиеја, потребно е да се отворат . На тој начин луѓето ќе донзаат кој се бил вклучен во тоа.Денес беше отворено и прашањето дали е дозволено новинарите да соработуваат со полициските служби и дали треба да се обелоденат новинарите кои во минатото биле соработници на службите, при јавните консултации за нацрт-работните верзии на законите за медиуми и за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Министерството за информатичко општество и администрација.
Дарко Јаневски, уредникот на весникот Дневник, кој беше дел од јавната расправа посочи дека во 1997 година тогашниот министер за внатрешни работи на Република Македонија посочил дека постои административен брак помеѓу полицијата и новинари во Македонија.Притоа, тој ги замоли гостите да му одговорат дали е потребно да се отворат досиејата на оние новинари кои соработувале со т.н. тајна полиција. Дали според Советот на Европа, според ОБСЕ и според европската Комисија е дозволено новинарите да соработуваат со полициските служби посебно со оние кои ги нарекуваме тајна полиција и дали тој процес ако постоел и постои сеуште да кажеме, дали тој процес треба да се толерира, односно дали државата треба да расчисти со оние луѓе кои соработувале со тајната комунистичка полиција, значи да се отворат нивните досиеја. Претпоставувам дека ви е јасно дека тоа би го подигнал степенот на слободата на медиумите во Македонија, потенцираше Јаневски.
На тоа претставникот од Советот на Европа по потекло од Германија одговори: Еве краток одговор, НЕ. И не како Совет на Европа, туку одговарам лично јас како Германец. Во Германија имавме некое искуство со оваа работа. И тоа го направивме ние во Германија, ги отворивме тие досиеја и многу ни помогна тоа за самиот процес на повторно обединување на двете Германии, рече претставникот од Советот на Европа.
-И јас кратко ќе одговорам, но не како експерт од ОБСЕ туку како Естонка. Нашите досиеја не се веќе во Естонија туку во една наша соседна земја и не можеме да ги отвориме. Тоа кај нас е меѓудржавно прашање. Од правен аспект нема меѓународно право кое што гласи вака или онака за таа тема. Тоа е веќе политичко и етичко прашање дали државата ќе се одлучи на тоа или не, истакна претставничката на ОБСЕ.
-Не е дозволено новинар да работи со тајната полиција. Ако го работи тоа, тој веќе не е новинар. Мислам дека ако има такви досиеја, како граѓанин кој што исто така бил лично контролиран од тајната полиција, дефинитивно е важно да се отворат сите овие досиеја и да им се каже на луѓето кој се бил вклучен во сето тоа. Меѓутоа, ова е прашање на лустрација и во различни земји тоа има различен одглас и различни последици. Ако има таква активност помеѓу новинарите и тајната полиција тоа мора јавно да се осуди, подвлече претставничка на TAIEX мисијата кои работеа на предлог измените на законите.
Дали треба на виделина да излезат тајни врски и „бракови“ меѓу тајните служби и новинарите?
Новинарот Бранко Ѓорѓевски смета дека новинарските здруженија треба да иницираат промена во законот што ќе овозможи лустрација за сите новинари во ситуација кога нивната „доброволност“ да се изврши проверка дали биле соработници на тајните служби не донесе поголем одѕив
-Лошо ли, погрешно ли ќе биде ако тој процес го поттикнат новинарските здруженија преку законските промени со кои лустрирањето ќе стане задолжително. Нема. Зошто? За еднаш на виделина да излезат тајни врски и „бракови“ меѓу тајните служби и новинарите, кои функционираа по принципите – ред ексклузивки во медиумите, ред поголеми плати и редакциски унапредувања, ред уништени кариери и човечки судбини… За тие веќе никогаш да не се повторат и нашето новинарство, барем кога овој аспект е во прашање, да почне да си ја враќа довербата од јавноста, на која ~ се сервирани ексклузивките на тајните служби. А нив, очигледно ги имало. Доволно е да се слушне она што досега го изјавуваа поранешните министри за внатрешни работи, па да се сфати дека такви конструкции имало многу, многу од новинарите, кои, бездруго, му припаѓаат на јавниот живот во земјава, пишува Ѓорѓевски во својата колумна во Дневник објавена минатата недела.
Тој смета дека таква прочистена слика треба да добие и македонското новинарство, во кое најголемиот дел од последиците на јавниот збор воопшто немале контакти со тајните служби.
-Kомисијата, од своја страна, се надеваме, ќе знае да прави разлика меѓу тоа што се постојани контакти и соработка со тајните служби и разговори што новинарите ги водат со „свои извори“ во безбедносните служби за да добијат информации. Стравот од ова мора да се оттргне бидејќи навистина има опасност средби и разговори да биле погрешно доживеани и од нив потоа да биле правени службени белешки, пишува Ѓорѓевски.
Ѓорѓевски вели дека дека со сопственото барање да се лустираат новинарите можат само да добијат во очите на јавноста и, без оглед на с`, нема толку тешки причини да не се направи тоа. Долгот што кон јавноста го направија новинарите чии текстови биле пишувани во редовите на тајните полициски служби еднаш мора да почне да се враќа. Тоа ќе биде најдобра ексклузивка за граѓаните, заклучува Ѓорѓевски.Денес беше отворено и прашањето дали е дозволено новинарите да соработуваат со полициските служби и дали треба да се о