Минатата недела нова психоактивна супстанца МДМБ-ЦХМИЦА, која на улица се нарекува „црна мамба“, ставена е на листа за рано предупредување за нови психоактивни супстанци, што овозможува законски мерки против лицата кај коишто ќе биде пронајдена.Според извештајот од проценката на Европскиот центар за следење на дрога и зависност, акутната токсичност на „црната мамба“ може сериозно да наштети на здравјето на луѓето.
Осум држави членки досега пријавиле вкупно 28 смртни случаи и 25 случаи на акутно труење од оваа дрога, а во повеќе извештаи се спомнува и можност дека нејзиното консумирање предизвикува насилно и агресивно однесување.
Експертите објаснуваат дека не станува збор за нова, туку за моментално актуелна дрога и затоа е важно законски да се реагира.
„Црна мамба“ е синтетичка дрога, а се продава како растителна мешавина или паста со црна боја. Во нашиот регион, според пишувањето на словенечките медиуми, „црна мамба“ неодамна е откриена и во Словенија.Според извештајот од проценката на Европскиот центар за следење на дрога и зависност, акутната токсичност на „црната мамба“ може сериоз