Петнаесетгодишните Анѓела и нејзината другарка Ивана, починаа вчера попладнето по удар од гром во Александровац.Според изјавите на очевидци, двете девојчиња се враќале од градскиот базен кога ги зафатило невремето. По ударот од гром Анѓела починала на лице место, додека лекарите два часа се бореле за животот на Ивана, која за жал и таа почина.
Српски „Блиц“ пишува дека поради силното невреме полицискиот увид на местото на трагедијата траел многу долго. Неофицијално на местото не останала никаква трага од ударот. Полициските екипи вчера проверувале дали девојчињата користеле мобилен телефон во моментот на ударот.
Нема лице кое сведочело на самиот момент на несреќата, но голем број граѓани на Александровац дотрчале на улицата кога виделе што се случува. Еден од нив бил и Сашко Рилак кој вели дека по ударот на громот на лице место затекнал страшна глетка.
-Дуваше силен ветер и врнеше дожд, а потоа се слушна удар. Видов како минувачи и автомобилли застануваат оддеднаш на улицата. Истрчав од просториите на спортската сала која се наоѓа во близина и дојдов на лице место. На тротоарот неподвижно лежеа две девојчиња кои ги погодил гром. Веднаш пристигна возило на Итна медицинска помош. Тешко ми е да зборувам за оваа трагедија, вознемирено раскажува Сашко.
Според информациите на Блиц, Анѓела оваа година го завршила основното училиште во Швајцарија каде живеела со родителите. Ивана била четврто дете во семејството кое се подготвувало за свадбата на нејзината најстара сестра. И таа завршила осмо одделение.Според изјавите на очевидци, двете девојчиња се враќале од градскиот базен кога ги зафатило невремето. По ударот од гром Анѓела починала на лице ме