„Ме силуваше, тепаше, ми се закануваше дека ќе ме заколе мене и моето семејство, а една вечер ме натера да испијам 11 таблети за спиење. Едвај преживеав“, вели Јадранка.„Ми се закануваше дека ќе ме осакати, ќе ми ги исече дојките, јазикот, ушите и клиторисот… Во неколку наврати ме силуваше и ме тераше на секакви блудни работи“, отрива Јадранка М. која со години секојдневно трпела најстрашни можни злоставувања од невенчаниот сопруг.
„Ме злоставуваше психички, физички и сексуално, деноноќје! Со него имам деца млади од седум години. Многу се грижам за нивниот и својот живот“, со треперечки глас раскажуваше оваа несреќна жена, едвај задржувајќи ги солзите, пренесува Курир.
Таа вели дека и покрај ќотекот, постојано добивала и смртни закани.
„Говореше како ќе ми го убие целото семејство, татко ми, мајка ми, и сестра ми. Постојано ми велеше колку сум лоша мајка. Најмногу стравував за животот кога ми се закани дека ќе земе пушка и нож и дека ќе ме заколе! Постојано ме тепаше, имав видливи повреди по главата, на двете очи, на рацете и нозете. Една вечер ме натера да ги испијам таблетите, за да малку се опуштам, и тогаш испив 11 таблети за заспивање. За цела среќа, дојдоа моите родители и ме однесоа на лекар, каде ми направија испразнување на желудникот“, се присетува таа.
Оваа млада жена живее во страв дека невенчаниот сопруг ќе ја пронајде и ќе ја убие.
„Заканите и тортурата не престанале. Секој ден повторувал како ќе ме убие затоа што јас не заслужувам да живеам… Повеќе пати ми присилуваше на секс, а ако не го задоволам, говореше: „Ќе те убијам“, зар јас немам право да кажам не! Бев тука да работам се како што тој ќе ми каже“, со трепелив глас раскажува несреќната Јадранка. Таа, како што дознавме, еден ден сепак собрала сили да стави точка на насилието кое го трпела.
„Ја искористив приликата кога не беше тука за да отидам во полиција. Многу се плашев, но тоа го направив. Сега чекам полицијата да го уапси“, заклучува Јадранка.„Ми се закануваше дека ќе ме осакати, ќе ми ги исече дојките, јазикот, ушите и клиторисот… Во неколку наврати ме силуваше и ме тераше