Трагедија во Македонија, 73-годишниот А.Р. од гостиварското село Чајле, утрово починал на скопските клиники каде бил донесен вчера, откако, додека возел велосипед бил удрен од автомобил.Според МВР, А.Р. се движел со велосипед по булеварот „Гоце Делчев“ кога во него влетал „фиат темпра“ управуван од 66-годишниот Б.Ќ.
Набрзо по несреќата што се случила околу 14 часот, А.Р. бил пренесен во гостиварската болница каде му биле констатирани телесни повреди. Состојбата му се влошила и откако паднал во бесознание бил пренесен на скопските клиники.
На местото на несреќата вчера полициска екипа извршила увид, а по наредба на јавен обвинител врз телото на починатиот треба да се изврши обдукција.Според МВР, А.Р. се движел со велосипед по булеварот „Гоце Делчев“ кога во него влетал „фиат темпра“ управуван од 66-годишн